„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола
Одиме подлабоко во шума, барем тука е чисто.

Дечки сполај ви на сите што ми пишавте, добив доста реакции околу фотографиите со ѓубрињата.
Имам доста свесна публика што соживува со мене.

Но, за другите што се најдовте 'тригернати':
На мојот Инстаграм профил ќе гледате убавини, ама ќе ја гледате и бруталната реалност.
Ова не е само во Буково.
Ова е насекаде!

21 век, уште се фрла ѓубре кај што ќе ви текне.
Јас навистина не го разбирам овој свет...
Како е возможно сè уште да не сме научиле дека природата сме ние, а без неа сме никој и ништо... После поплави, несреќи чуда. Како?
Епа не се чудете, Мајката Природа може сите да нè срамни во 1 ден“.

С. С. | Црнобело
