Ледената Македонка Бетика за поплавите во родниот Ресен: „Оваа срушена куќа е во мојата улица, каналите се преполни ѓубре“
- Детали
- петок, 09 јануари 2026
„Поминав до куќите на моите сограѓани, стари изнемоштени лица со солзи во очите ми раскажуваат како цела вечер се бореле да си ги спасат домовите. Речните корита во Ресен не се исчистени со децении. Природата е задушена од човечка неодговорност“, емотивно вели Бети Котовчевска (30) од Ресен.

Обилните врнежи од дожд во изминатиот период предизвикаа зголемување на водостојот на реките и одводните канали во повеќе региони низ државата, при што на неколку локации се регистрирани локални излевања, одрони и поплави.
Ледената Македонка Бетика се пожали дека меѓу тие места е и нејзиниот роден Ресен и нејзината омилена Преспа.

Таа на својот Инстаграм профил упати апел дека ова не е само поради природните непогоди и моќта на природата, која навистина е огромна, но е и поради негрижата на човекот, односно огромните количини на ѓубре со кои луѓето ги затрупуваат каналите.
Бетика вели дека природата е затрупана од човечката неодговорност, а каналите се претрупани и неисчистени.
Нејзината објава за состојбата во родниот Ресен:
„Поминав до куќите на моите сограѓани, стари изнемоштени лица со солзи во очите ми раскажуваат како цела вечер се бореле да си ги спасат домовите
Речните корита во Ресен не се исчистени со децении.

Поплавите не се „природна непогода“ кога природата е задушена од човечка неодговорност.
Кога коритата се затрупани со кал, ѓубре и вегетација, водата нема каде, таа си го зема патот низ домовите, нивите и животите на луѓето.

Ова не е само проблем на Ресен, туку на цела Македонија.
Ова е слика на систем што реагира дури откако ќе биде направена штетата, наместо да превенира.
Разбудете се веќе...
Ова не е борба меѓу човекот и природата ова е потсетник дека сме дел од неа.

