Изјава на Македонка стана вирална, по случката во Ѓорче: „Некогаш било срамота да си глуп, сега е модерно да си глуп“
- Детали
- среда, 29 април 2026
„Постарите луѓе што се родени до крајот на 60-тите, дури и оние кои биле најглупавите од нивната генерација, биле крајно култивирани луѓе, крајно начитани, со многу поразвиен интелект.... Да речеме од најпаметните сега, што се од моја генерација“, вели музичарката Јана Гигова, а луѓето ја поврзуваат нејзината изјава со грозоморниот случај во Ѓорче и се прашуваат - „Каде ни отиде младината?“.

Јана Гигова е талентирана музичарка, која ја обожава уличната уметност и настапува насекаде и вели дека ја нервира кога ќе ја прашаат дали работи некаде, а знаат дека пее на плоштад и настапува на разни места.

Таа пред една година гостуваше во подкастот „Red Cast“ каде зборуваше на многу теми, а поттикната од „невкусот“ за музика на помладите, односно експанзијата на турбофолкот, проговори какви биле генерациите некогаш, а какви денес.

Јана вели дека, за жал, уметноста и културата повеќе не се на цена, нешто за што професорката Татјана Алексиќ посочи дека е погубно за младите генерации, а заклучокот го објави поттикната од случајот со врсничко насилство во Ѓорче.
Сега, токму на вестите за овој случај се споделува изјавата на Јана за генерациите некогаш и сега.
Нејзината вирална изјава (слушнете ја од 45-та минута):
„Постарите луѓе што се родени до крајот на 60-тите, дури и оние кои биле најглупавите од нивната генерација, биле крајно култивирани луѓе, крајно начитани, со многу поразвиен интелект.... Да речеме од најпаметните сега, што се од моја генерација.

Тогаш било срамота да си глуп, сега е модерно да си глуп.
Сега, ако читаш книга ти се смеат.

Порано едноставно било срамота да се изразуваш некултурно, да немаш вокабулар, едноставно луѓето не сакале да те дружат ако ти не пробаш да се информираш за култура.

Сега, ако те видат дека те интересираат културни настани или уметност или нешто што има некаква содржина – најверојатно ќе ти се смеат, ќе ти велат дека си „затуцан“ (старомоден). Дека не си доволно во нивниот филм“.
Дали токму ова е проблемот со младите генерации? Што мислите вие?
Погледнете го подкастот:
С. С. | Црнобело
