Вирална објава на Македонка: „Ќе заглавиш со маж што ќе те тепа секој ден, а ќе ти викаат ‘Дај му шанса’“
- Детали
- четврток, 05 март 2026
„Ќе заглавиш со некое говедо кое ќе те тепа секој ден, а комшиите ќе си ќутат за да „не се мешаат во приватни животи“, не било тоа „нивна работа“ или од страв да не дознае говедото кој го пријавил. Ќе ти викаат: Дај му шанса, атер за децата, најлесно е да се разведеш...“, гласи дел од виралната објава на Калина Коси.

Калина Коси е Македонка со повеќе од 25.000 следбеници на Фејсбук, која не го открива својот идентитет, но отворено коментира на многу теми, а овој пат проговори за нејзините ставови околу семејното насилство и правата на жените.
Нејзината објава по трагедијата во Тафталиџе вирално се споделува.
Објавата на Калина Коси:
„Најдлабоко и најискрено сочувство до семејството и блиските на починатата мајка и ќеркичка!
Да си жена во оваа држава е казна! Целиот свој живот ќе бидеш исмејувана, омаловажувана, дискриминирана на секој чекор, на милион начини:

- Ќе ти се смее прво наставникот по физичко зошто не можеш да прескокнеш некое си таму магаре оти по конституција си слаба, па ќе добиеш 3-ка место 5-ка!
- Ќе се пријавиш некаде за работа, ќе те праша газдата дали имаш намера деца да раѓаш!
- Ќе останеш бремена, ќе те избркаат од работа додека си на породилно!
- Ќе ти каснат со исплата на породилното!
- Ќе те пцујат и ќе ти се дерат во сообраќај со предрасуди дека само затоа што си жена – немаш поим од возење!
- Ќе работиш по цели денови под изговор дека си рамноправна со мажот, а дома кога ќе дојдеш, сама и ќе готвиш и ќе переш и ќе пеглаш!
- Ќе заглавиш со некое говедо кое ќе те тепа секој ден, а комшиите ќе си ќутат за да „не се мешаат во приватни животи“, не било тоа „нивна работа“ или од страв да не дознае говедото кој го пријавил.

- Ќе ти викаат дури и најблиските околу тебе „Абе види, ако ти ветил дека нема веќе, дека ќе се промени, дај му шанса, атер за децата, најлесно е да се разведеш.“
- Ќе ти тропне полицаец на врата додека говедото се изживува и ќе те праша „Да не има нешто?“, од страв под закана ќе му кажеш „Не, само малку се скаравме“ и тој ќе ти поверува, ќе си отиде и вечерта дома мирно ќе си спие.
