Вирална објава на Македонка: „Скопје мириса на смрт. Тука децата не растат со румени образи, туку со инхалации“
- Детали
- понеделник, 22 декември 2025
„Тука, во Скопје, децата не растат со румени образи, туку со инхалации, сирупи и антибиотици. Со бронхити што се повторуваат, со кашлици што стануваат нормала и со прозорци што не се отвораат.. дури ни преку ден“, вели Ина Михајлова, уметница и мајка од Скопје, за загадениот воздух со кој мака мачиме.

Ина Михајлова, уметница и мајка од Скопје, на својот Фејсбук профил искрено ја прокоментира ужасната ситуација со загадениот воздух во Скопје и испрати апел да престанеме да молчиме.
„Дишеме отров“, порача таа.

Нејзинатa објава, која вирално се споделува:
„Мириса на смрт.
Тука децата не растат со румени образи, туку со инхалации, сирупи и антибиотици. Со бронхити што се повторуваат, со кашлици што стануваат нормала и со прозорци што не се отвораат.. дури ни преку ден.
Секој ден сме со грижа на совест што сакаме да се прошетаме надвор.

Како здрави бели дробови да се луксуз.
И додека се гушиме, ни продаваат приоритети што немаат врска со реалноста.
Приоритет е детето да може да истрча без да се закашла.
Да заспие без инхалатор покрај кревет.
Да не знае што е антибиотик пред да знае да чита.

Ова не е драма.
Ова е секојдневие.
И колку повеќе молчиме, толку подлабоко дишеме ОТРОВ!“
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
