Татјана Алексиќ, професорка, потресена од случајот во Ѓорче: „Ние создаваме генерации на психопати“
- Детали
- вторник, 28 април 2026
„Каде виделе гасење цигари од кожа? Каде виделе, слушнале или прочитале за такви гадости? Кој ги научи толку да мразат и злоставуваат?!? Ни треба под итно флота од: стручни лица во училиштата, образовни асистенти, социјални работници, педагози, психолози, психотерапевти, дефектолози, логопеди, служби за детектирање метал и оружје при влез во училиште и цивилизирани казнено-поправно домови“, испраќа моќен апел професорката Татјана Алексиќ, која од прва рака знае каква е ситуацијата со нашата младина во училиштата.

Татјана Алексиќ од Скопје е професорка по македонски јазик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, семејна жена, омажена за својата прва, гимназиска љубов и мајка на два сина, но и жена која јавно зборува на секоја тема, без влакна на јазикот.
Па, така и сега по згрозувачкиот настан во скопската населба Ѓорче Петров, каде неколку девојчиња, ученички во основно училиште, брутално малтретирале и понижувале врсничка, со горење со цигари и присила да јаде кучешки измет, се огласи јавно.

Татјана испраќа моќен апел:
„Ни требаат под итно флота од: стручни лица во училиштата, образовни асистенти, социјални работници, педагози, психолози, психотерапевти, дефектолози, логопеди, служби за детектирање метал и оружје при влез во училиште, систематски прегледи со тест за никотин и дрога во крв, забрана за (а)социјални мрежи до 18 години и цивилизирани казнено-поправно домови!

За љубов, емоционална писменост и човекови права е доцна, зашто во првата декада од животот на децата се битни и имаат влијание врз воспитувањето.
Децата во 6-то одделение се веќе карактерно и психички оформени!
фото: depositphotos.com
Ќе повторуваат злоставувања!
Ќе продолжат да се расправаат по социјалните мрежи!
фото: depositphotos.com
Ќе учат од нас возрасните за агресија и „добро“ ќе нѐ имитираат.

Каде виделе гасење цигари од кожа? Каде виделе, слушнале или прочитале за такви гадости? Кој ги научи толку да мразат и злоставуваат?!?
Ние систематски моделираме генерации на психопати!“
фото: depositphotos.com
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com