Инспиративна жена: Татјана Алексиќ е професорка „жедна за книги“, омажена за својата прва љубов

„Најдобрата навика за убавина е по навика да си вљубен во животот, а јас растев со својата просечност, бев права Олива на Попај. Се омажив за првиот дечко и заличив на женско суштество, после втората бременост“, вели Татјана Алексиќ (58) од Скопје, инспиративна професорка и прекрасна дама.

inspirativna-zhena-tatjana-aleksikj-e-profesorka-zhedna-za-knigi-omazhena-za-svojata-prva-ljubov-01.jpg

Татјана Алексиќ (58) од Скопје е професорка по македонски јазик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, семејна жена, омажена за својата прва, гимназиска љубов и мајка на два сина, Ненад Алексиќ (32) и Алекса Алексиќ (24).

inspirativna-zhena-tatjana-aleksikj-e-profesorka-zhedna-za-knigi-omazhena-za-svojata-prva-ljubov-23.jpg

Таа вели дека од почеток на бракот живее во заедница со свекрвата (91), што значи дека има оптимален кондиционен тренинг за вежбање трпеливост и толерантност.

inspirativna-zhena-tatjana-aleksikj-e-profesorka-zhedna-za-knigi-omazhena-za-svojata-prva-ljubov-02.jpgТатјана со семејството

Обожава книги, зборува отворено на сите теми и вели дека најважно во животот е да бидете добар човек.

Во интервју за CRNOBELO.com зборува за тоа што ја инспирира во животот:

Колку е тешко едновремено да се биде успешна жена на поле кариера, но и посветена семејна жена?

Најтешкото нешто е да се остане здрав и здраворазумен.

Да им се пркоси на животните непријатности, болештини, да се оди контра гравитацијата која нè турка надолу. Да се остане со чист образ, да се старее достоинствено, радувајќи им се на потомците. Тоа е успех.

Инаку успехот е релативна работа, можеш да го видиш во очите на другите, како те доживуваат и третираат.

inspirativna-zhena-tatjana-aleksikj-e-profesorka-zhedna-za-knigi-omazhena-za-svojata-prva-ljubov-25.jpg

Да не го релативизирам успехот, но јас не можам да видам дека сум во нешто поуспешна од многу жени како мене, коишто ја туркаат својата професионална кариера, паралелно со семејниот живот. Успехот го гледам во моите синови коишто растат, зреат и нè надминуваат и мене и татко им.

Го гледам во моите ученици коишто ме надминуваат во многу полиња, затоа што никогаш не сум им ги кастрела крилјата. Кога им давате елан, мотив, љубов и почит на децата, тие се развиваат во успешни луѓе. Токму тука би сакала да ја видам својата успешност и умешност, и како мајка и како учителка.

inspirativna-zhena-tatjana-aleksikj-e-profesorka-zhedna-za-knigi-omazhena-za-svojata-prva-ljubov-07_copy.jpg

Животен подвиг е и да останеш добра другарка. Мојот капитал, покрај децата, роднините, пријателите и родителите коишто живеат во мене, се и моите „друшки“ од маало.

Никогаш не сме се скарале, а заедно сме од бебиња, од проодување. Такви сме ние друшките од Тафталиџе, поврзани и лојални без оглед што не се гледаме секојдневно.

inspirativna-zhena-tatjana-aleksikj-e-profesorka-zhedna-za-knigi-omazhena-za-svojata-prva-ljubov-13.jpg

Таква е силата на љубовта. Може да не се гледаш или слушаш во континуитет, но емоциите се непроменети.

Успех е да останеш добар човек и кога не ти е баш добро, кога не ти се „сите кози на број“.

На мака јунак се познава, лесно е да си арен во арно.

inspirativna-zhena-tatjana-aleksikj-e-profesorka-zhedna-za-knigi-omazhena-za-svojata-prva-ljubov-24.jpg

Како балансирате со обврските?

Ред обврски, па два-три реда читање и пишување со мерак; ред готвење, па два-три реда консумирање; ред чистење, па два-три реда уживање во чисто, ред муабет, па два-три реда слушање; ред сувопарности, па два-три реда креативности; ред нервози, па два-три реда љубов и така катадневно…

Балансот е чудо, мора да имаш реципроцитет на обврските, добро да ги балансираш со своите индивидуални потреби за личното шоу-тајм.

И, секако, список на обврски за да ти текне да ги штиклираш кога ќе завршиш. „Штикла“ на завршена обврска е поголема ексклузива од најлуксузните потпетици.

inspirativna-zhena-tatjana-aleksikj-e-profesorka-zhedna-za-knigi-omazhena-za-svojata-prva-ljubov-14.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Инспиративна жена: Марија Крстевска – сопственичка на 3 бизниси, посветена мајка, вљубеничка во пату... „Кога останав бремена, барав бебешка опрема и сфатив дека многу работи нема кај ...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Наде Молеровиќ (68), инспиративна жена - Била директорка на училиште, сега е пензионер што граба со ...  „На 68 години, во пензија, никогаш не сум се чувствувала поживо. А најголе...
Зорица Божинова, прва жена машиновозач кај нас: „Израснав со возови, татко ми ми го пренесува целото... „Кога влегов во локомотивата на првиот работен ден, првото чувство ми беше нерво...
Ацо Николов, тату артист: „Kлиент сакаше да му го тетовирам загризот од жената, тетовирам гради на ж... „Најчеста грешка е кога некој сака во мала тетоважа (на пример 5 сантиметри) да ...

Најчитани неделава