Татјана Стојановска блеска покрај сопругот на неговиот роденден - Забава со најблиските во скопски локал
- Детали
- вторник, 02 јуни 2026
Михаил, сопругот на Татјана Стојановска, една од најубавите жени кај нас, славеше роденден, а таа блескаше покрај него.

Презентерката на вести и поранешна Мис на Македонија, Татјана Стојановска Китановска, се дотера во црвено и уживаше покрај сопругот Михаил, кој славеше роденден.

Михаил наполни 55 години, а роденденот го прослави во скопски локал, со жива музика и неколку најблиски луѓе.

Тој ги дувна свеќичките на роденденската торта, пееше, се забавуваше со пријателите...

Татјана, пак, ги сподели фотките на Инстаграм стори кај себе и покажа дел од атмосферата.

За потсетување, Татјана и Михаил се венчаа во 2023 година, по една деценија врска, а таа честопати знае да каже дека сопругот ѝ е огромна поддршка и човек покрај кого се чувствува и среќна и сигурна.

А. Ј. | Црнобело