Тања Џамбазова за односот со Игор: „Горда сум што брат ми остана во Македонија, имаше можност да оди каде сака“

„Ние имавме многу малку контакти. Животите ни беа на двајцата тотално непредвидливи. Меѓутоа, секојпат кога ќе се видиме како до вчера да завршил разговорот и сега си го продолжуваме кафето...“, вели Тања Џамбазова за односот со својот брат Игор Џамбазов, кој неа ја нарекува и најдобра пријателка и докторка и згрижувачка.

tanja-djambazova-za-odnosot-so-igor-gorda-sum-shto-brat-mi-ostana-vo-makedonija-imashe-mozhnost-da-odi-kade-saka-01.jpg

Игор Џамбазов неретко истакнува колку ја сака својата сестра Татјана Џамбазова, која милува да ја вика Тања, и за која отсекогаш верувал дека Македонија е премала, а сега истото го мисли и за светот.

Татјана е авантурист и вљубеник во животните, природата и животот општо. Со децении живее во Сан Франциско, но постојано патува, а посебно место во нејзиното срце има Африка.

tanja-djambazova-za-odnosot-so-igor-gorda-sum-shto-brat-mi-ostana-vo-makedonija-imashe-mozhnost-da-odi-kade-saka-05.jpg

Инаку, Тања е архитект/технологист со завидна кариера на светско ниво. Пред извесен период, таа гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров, а покрај на многу други теми, проговори и за односот со Игор Џамбазов.

Тања на прашањето од Стефан „Каква ви беше релацијата со Игор додека ти беше на сите тие патувања?“, вели:

„Ние имавме многу малку контакти. Животите ни беа на двајцата тотално непредвидливи.

Меѓутоа, секојпат кога ќе се видиме како до вчера да завршил разговорот и сега си го продолжуваме кафето.

tanja-djambazova-za-odnosot-so-igor-gorda-sum-shto-brat-mi-ostana-vo-makedonija-imashe-mozhnost-da-odi-kade-saka-02.jpg

Сме се прифатиле какви животи имаме.

Секогаш сме биле двајцата еден за друг тука.

tanja-djambazova-za-odnosot-so-igor-gorda-sum-shto-brat-mi-ostana-vo-makedonija-imashe-mozhnost-da-odi-kade-saka-04.jpg

За него, горда сум на многу работи. Прво, затоа што остана во Македонија.

Игор имаше шанси да биде што сака и да оди каде сака.

tanja-djambazova-za-odnosot-so-igor-gorda-sum-shto-brat-mi-ostana-vo-makedonija-imashe-mozhnost-da-odi-kade-saka-03.jpg

Тој толку вади секојдневни инспирации од оваа непрефектна земја, од тој убав јазик, од тие убави традиции, култури и многу ми е драго што остана затоа што гледам дека е еден од тие луѓе што се обидуваат да го сочуваат, на еден специфичен и негов начин, тоа што нè прави Македонци или што ја прави оваа земја убава.

Друго што многу го почитувам е што тој не запира.

Постојано ние комуницираме по Инстаграм и ќе ми пушти: „Систер, гледај го спотов не е уште објавен. „Еј систер, слушај ги зборовиве, напишав за Тамара песна“ и „Еј, имам идеја на нова претстава“.

Јас сè уште се надевам дека ден тој и јас ќе играме во претстава заедно, тоа ми е животна желба и само му пуштам некои текстови „Леле, брат, што сум гледала“.

Кликнете на видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg