Тања, сестрата на Игор Џамбазов, со искрена исповед: „Немаше шанси да замислам дека јас нема да имам деца“

„Не сретнав човек или, пак, бев премлада кога имав добри врски. Кога требаше, не сретнав човек со кого што ќе сакав да имам дете, сите години во Виена, во Лондон, во Париз бев претежно сама и кога го сретнав човекот за кого што зборував, веќе беше доцна...“, вели Татјана Џамбазова во подкастот на Стефан Лазаров.

tatjana-sestrata-na-igor-djambazov-sekogash-sakav-da-imam-deca-nemashe-shansi-da-zamislam-deka-jas-nema-da-imam-deca-01.jpg

Игор Џамбазов неретко истакнува колку ја сака својата сестра Татјана Џамбазова, која милува да ја вика Тања, и за која отсекогаш верувал дека Македонија е премала, а сега истото го мисли и за светот.

Тој неодамна со заедничка фотографија ѝ го честиташе 60-тиот роденден.

tatjana-sestrata-na-igor-djambazov-sekogash-sakav-da-imam-deca-nemashe-shansi-da-zamislam-deka-jas-nema-da-imam-deca-09.jpg

Татјана е авантурист и вљубеник во животните, природата и животот општо. Со децении живее во Сан Франциско, но постојано патува, а посебно место во нејзиното срце има Африка.

Инаку, Тања е архитект/технологист со завидна кариера на светско ниво.

tatjana-sestrata-na-igor-djambazov-sekogash-sakav-da-imam-deca-nemashe-shansi-da-zamislam-deka-jas-nema-da-imam-deca-02.jpg

Сега, таа гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров и искрено одговори на прашањето за потомство, односно дали да нема деца било нејзин избор или едноставно животна околност.

tatjana-sestrata-na-igor-djambazov-sekogash-sakav-da-imam-deca-nemashe-shansi-da-zamislam-deka-jas-nema-da-imam-deca-06.jpg

Татјана на темата искрено вели:

„Секогаш сакав да имам деца, немаше шанси да замислам дека јас нема да имам деца, бидејќи мене ме сакаат само животни, деца и будали луѓе.

Меѓутоа не верувам дека се прави дете само затоа што треба да се направи.

Не сретнав човек, или бев премлада кога имав добри врски. Кога требаше не сретнав човек со кого што ќе сакав да имам дете, сите години во Виена, во Лондон, во Париз бев претежно сама и кога го сретнав човекот за кого што зборував веќе беше доцна.

Така што мене ми е секако многу жал ама не беше тоа некоја одлука.

Ниту сум кариеристка, па нешто заради кариерата, никако... Бев сигурна дека ќе имам деца, само... тоа е животот што сакал“.

На следната страница прочитајте што зборува Тања за својот љубовен живот и бракот од 6 дена со еден од најпознатите српски актери...



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg