Тања, сестрата на Игор Џамбазов, со искрена исповед: „Немаше шанси да замислам дека јас нема да имам деца“
Нејзината изјава гласи:
„Сум била во неколку убави врски. Бев мажена еднаш, 6 дена за Горан Шушљиќ, којшто е еден од најуспешните српски глумци, прекрасен човек, многу талентиран…
Но, се заљуби во глумицата, првата претстава кога ја играа… Се шегувам, сето тоа беше малку покомплицирано, Србија беше во најтешкиот период.
Јас се вратив од Виена, се преселив таму… Ние сме сè уште супер другарчиња. И многу ми е драго за успехот, ја знам и жена му.
Свадба направивме во Виена, ама тој дојде само за свадбата и веднаш си отиде, затоа што снимаше филм и после тоа имаше претстава и јас додека отидов нешто се случило во претставата и така, си се вратив со опавчето наназад.
Ама нефер е да кажам дека тоа е само негова вина, затоа што мене ми беше многу тешко во Белград.
Прво стигнав со автомобил, двете мачки и сите работи коишто ги поседувам во животот.
Возев од Виена. Се качив горе да му кажам дека стигнав, се симнав долу и автомобилот ми беше украден со сè што имав во животот.
Тоа беше белградска мафија којашто чека на влез во Белград, гледа странска регистрација, и тебе додека ти текне – ти го снемува автомобилот“.
Погледнете го целиот подкаст (темата за љубовта е од 1:59 минути):
С. С. | Црнобело
