Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам бато“

„Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, напиша Ана, сестрата на Спире кој го изгуби животот во пожарот во Кочани, и објави емотивно видео на Инстаграм Стори.

sestrata-na-spire-koj-pochina-vo-kochani-pushti-27-baloni-kon-neboto-za-negoviot-rodenden-te-sakam-bato-01.jpg

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани одзеде 63 животи и зави многу семејства во црно. Сите тие на свој начин се справуваат со болката, со траумата на тоа што го дознаа на кобниот 16-ти март.

И секој од нив на различен начин им оддава почит на своите загинати чеда, брат или сестра... А зборовите и фотографиите што ги објавуваат болат до срж.

И не ги болат само најблиските, туку сите во Македонија, кои сочувствуваат со нивната тага и загуба.

sestrata-na-spire-koj-pochina-vo-kochani-pushti-27-baloni-kon-neboto-za-negoviot-rodenden-te-sakam-bato-02.jpg

Една таква порака, која ќе остане длабоко врежана во колективната меморија, испрати и Ана Стоименова, сестрата на Спире Стоименов, кој загина во пожарот во Кочани на 26 години.

Спире на 12.11 требаше да полни 27 години, но не го дочека својот роденден.

sestrata-na-spire-koj-pochina-vo-kochani-pushti-27-baloni-kon-neboto-za-negoviot-rodenden-te-sakam-bato-03.jpg

А Ана, со многу болка, му испрати подарок кон небото - 27 сини балони, 26 за секоја година од неговиот живот, но и еден за роденденот што не го дочека.

Таа на своето Инстаграм Стори објави емотивно видео - застаната сама на зајдисонце, ги пушта балоните да летнат кон небото.

„Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, стои во описот на видеото.

sestrata-na-spire-koj-pochina-vo-kochani-pushti-27-baloni-kon-neboto-za-negoviot-rodenden-te-sakam-bato-33.jpg

Таа сподели и фотка на Инстаграм со брат ѝ, па напиша:

„Светот мој минус тебе во него она што ќе остане, МАЛКУ Е! Свети денеска како што светеше и тука, твој ден е. Роденден. Те сакам, бато!“

Ана не го заборава својот брат, па за да одбележи 6 месеци од неговото заминување од овој свет, таа објави заедничка фотка со него и поезија.

Цветот е тајна на Господ - нежна убавина во кревко стебло.
Го држат корените, му даваат потпора и сила да стои исправен.

Но, секое цветче има жед. Без вода венее, без неа се суши и се гаси.
А кога ќе ја најде својата вода тој цвета, блеска, живее.

Јас сум тој цвет.
Корењата што ме хранат и ме чуваат се мама и тато.

А водата што ме разубавуваше, што ми беше живот и светлина, беше Бато.

Сега таа вода ја нема, ми ја земаа.
Сега цветот (јас) остана полусушен – со корени што се борат да го одржат жив“, напиша Ана.

За потсетување, на 15 ноември (сабота) во 12:05 ќе се одржи Марш за ангелите, а родителите и роднините на оние кои го загубија животот во дискотеката „Пулс“ повикуваат на сплотеност и поддршка од граѓаните на маршот.

„Маршираме од Плоштад Македонија преку Собранието кон Основниот кривичен суд. 

Ние веруваме дека Македонија има совест. Дека знаеме да се сплотиме кога најмногу боли.

И дека сме подготвени, заедно, да се исправиме против најголемото зло – корупцијата што им го одзеде животот на нашите деца.

Болката е наша, но борбата е на сите нас. Се гледаме во сабота на плоштад Македонија!“

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg