Еден ден со Татјана Стојановска – покажа како се шминка на работа, па се подготвува за читање вести (видео)

„Додека градот уште спие јас веќе сум во движење“ – Татјана објави видео на кое се гледа како сама вози кон работа, пристигнува без грам шминка и таму сама прави брзинска мејкап рутина за да изгледа совршено за малите екрани, но покажа и како се подготвува за читање на вестите. 

eden-den-so-tatjana-stojanovska-pokazha-kako-se-shminka-na-rabota-podgotovka-za-chitanje-vesti-video-001.jpg

Нашата презентерка на вести и поранешна мисица, Татјана Стојановска, објави видео на Инстаграм во кое покажа како изгледа еден нејзин работен ден.

На видеото се гледа како таа вози кон објектот на нејзината матична телевизија што се наоѓа покрај реката Вардар, пристигнува во канцелариите каде што прави подготовка за читањето вести, а потоа се разубавува со брзинска мејкап рутина.

eden-den-so-tatjana-stojanovska-pokazha-kako-se-shminka-na-rabota-podgotovka-za-chitanje-vesti-video-03.jpg

Таа го покажа лицето без грам шминка и сними како самата се подготвува за да изгледа прекрасно на малите екрани, а во позадина вели дека е 6:49 часот, па се надева дека ќе стигне за вестите во 7 часот наутро. 

eden-den-so-tatjana-stojanovska-pokazha-kako-se-shminka-na-rabota-podgotovka-za-chitanje-vesti-video-02.jpg

Потоа влегува во студиото во коешто секојдневно ја гледаме додека ги чита најновите вести и изгледа беспрекорно. 

„Додека градот уште спие…
јас веќе сум во движење.

Backstage – брза подготовка
Вести
Шминка 
Микрофон 
Самодоверба 

3… 2… 1…

„Добро утро“

Секој ден нова приказна.
Секој ден нов почеток.

И да…
ова е мојата сцена веќе +30 години“ - стои во описот на објавата.

Погледнете го видеото:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тања Џамбазова за односот со Игор: „Горда сум што брат ми остана во Македонија, имаше можност да оди... „Ние имавме многу малку контакти. Животите ни беа на двајцата тотално непредвидл...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Татјана Лазаревска се врати од Австралија, па ја одведе мајка ѝ на иселеничка забава: „Мојата кралиц... Фолк-пејачката Татјана Лазаревска си дојде во родната Македонија по скоро 2 годи...
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...
Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото) Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се пока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg