Татјана Стојановска за стилот и убавината: „Редовно ставам ботокс на челото, тоа ми овозможува посвеж изглед“

„Готвам секојдневно, ми причинува задоволство подготовката на домашна храна. Одржувањето на килажата оди тешко со годините, па се обидувам да внесам и физичка активност“, вели ТВ-презентерката Татјана Стојановска Китановска и ни ги откри своите тајни за нега и убавина.

tatjana-stojanovska-za-stilot-i-ubavinata-redovno-stavam-botoks-na-cheloto-toa-mi-ovozmozhuva-posvezh-izgled-01.jpg

Татјана Стојановска Китановска, долги години е презентер на вести во Канал 5 телевизија. Многу генерации ја паметат и како Мис на Македонија од 1992-ра година.

Иако оттогаш се поминати 32 години, Тања важи за една од најубавите жени кај нас, секогаш дотерана, средена и негувана.

Во разговор за CRNOBELO.com, Татјана ни откри детали за својата дневна рутина за нега на лицето, па вели дека редовно користи ботокс, кој го става на челото и глабелата, а ѝ дава посвеж изглед.

tatjana-stojanovska-za-stilot-i-ubavinata-redovno-stavam-botoks-na-cheloto-toa-mi-ovozmozhuva-posvezh-izgled-05.jpg

Стил на облекување

„Низ годините го менувам и го прилагодувам стилот на удобноста. Приватно го негувам покежуал стилот со ниски чевли, балетанки и патики, лежерни комбинации на облека во склад со приликата.

Секако за на екран останува елегантната комбинација на палта со кошули и елегантни блузи.

Повеќе сакам да сум во спортски или спортско елегантен аутфит, но за настани и на екран сепак го претпочитам елегантниот стил. Купувам она што ми одговара и не робувам многу на брендови.

Но, имам неколку парчиња од брендот Guess кој го обожувам и ми прилега на карактерот. Тоа се пред сè маички и ташни од овој бренд, a кои ми се вклопуваат во стилот.

Главно облека и обувки купувам во Македонија, но кога одам на патувања гледам да купам нешто за спомен и тоа се парчиња облека или аксесоари што се пред сè едноставни и спомен од местото.

На пат не одам без патики, лежерна облека и чадор.

Не би облекла никогаш 'скинати' фармерки. Секоја чест за трендот, но тоа не е мој стил и не можам да го прифатам.

Омилени ми се неколку работи што ги имам од мајка ми кога била млада, меѓу кои се неколку кошули и ги носам со задоволство затоа што ми се драги, а и им ја продолжувам употребата“. 

tatjana-stojanovska-za-stilot-i-ubavinata-redovno-stavam-botoks-na-cheloto-toa-mi-ovozmozhuva-posvezh-izgled-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров (39) за CRNOBELO: „Ставам ботокс на челото 8 години, боли многу“ „Ботоксот кај мене има ефект едно 3-4 месеци, што значи дека ставам барем 3 пати...
Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...
Миа Костова за стилот и убавината: „Ботокс ставам двапати годишно, мразам кардио вежби и пешачење“ „Редовно готвам, кај мене дома има ручек 4-5 пати неделно. Јадам домашна храна и...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Сузана Хаџи Илиќ е модна бизнис дама со страст за патувања - ја сака модата и верува дека стилот е и... „Потекнувам од реномирано скопско угостителско семејство со долгогодишна традици...
Одговори на најчестите прашања за ботокс и филери со д-р Роберт Стојовски, пластичен хирург „Ботокс се става превентивно со цел да се спречи мимична гестикулација на горна ...

Најчитани неделава