Миро Кацаров (39) за CRNOBELO: „Ставам ботокс на челото 8 години, боли многу“
- Детали
- четврток, 29 јануари 2026
„Ботоксот кај мене има ефект едно 3-4 месеци, што значи дека ставам барем 3 пати во година. Ме боли, и тоа како, тоа е како да те тетовираат на чело, многу боли“, вели Миро Кацаров за CRNOBELO.com.

Водителот Миро Кацаров (39) долги години работи на телевизија, а самата работа подразбира дека секогаш треба да изгледа одлично и средено пред камерите.
Токму тоа е причината што пред околу 8 години првпат ставил ботокс на челото - за да ги скрие двете големи брчки на челото, и една лузна останата од детството.
За него, ставањето ботокс не е нешто од што мажите треба да се срамат, а повеќето од нив кои ставаат ботокс, сепак не сакаат тоа да се знае и избегнуваат да зборуваат на темата.

За своето искуство со ставањето ботокс, колку често го прави тоа и колку е задоволен, Миро открива за CRNOBELO.com:
„Ставам ботокос откога се вратив на телевизија, тоа е од 2018-та, нели правев пауза, живеев во Дубаи и Абу Даби.
Се вратив и почнав да ставам, затоа што, нели, телевизијата не дозволува да бидеш ненашминкан и да имаш брчки, така што, еве 8 години скоро.
А зошто ставив? Затоа што имам две црти што ми се познаваат кога зборувам и правам гримаси. Имам и една лузна оти бев немирно дете.

Колку долго има ефект? Кај мене има едно 3-4 месеци, што значи и дека ставам ботокс барем 3 пати во година.
Ме боли, и тоа како, тоа е како да те тетовираат на чело, многу боли.
И нормално дека и мажи треба да зборуваат на оваа тема.
Ништо не е страшно, не е ова кривично дело, не зборуваме за убиство, оружје, наркотици, за нешто што остава некој траг врз општеството или е нешто кое не треба да го прават децата.
Ботокс е подмладување, на крајот од денот.

Еден од најголемите политичари, светски лидери, Силвио Берлускони, ставаше ботокс пред 20 години. Видете го, вие, Трамп.
Кога светските моќници ставаат ботокс, па што останува за нас?!
Мажите се кријат пошто жени ставаат ботокс, па као тоа е женска работа. А никаде не пишуваат дека ботоксот е само за жени.

Моето искуство е одлично и го препорачувам за секој маж што сака.
Мислам, јас не ја пумпам устава, не ставам филери, ставам ботокс на чело, што мислам дека е океј.
Нели, океј е еден маж да си ја средува косата, брадата, челото, да изгледа добро, фит во телото, да внима што јаде, мислам дека тоа е еден софистициран, модерен маж на денешно време“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
