Миа Костова за стилот и убавината: „Ботокс ставам двапати годишно, мразам кардио вежби и пешачење“
- Детали
- сабота, 23 август 2025
„Редовно готвам, кај мене дома има ручек 4-5 пати неделно. Јадам домашна храна и тоа најмногу го сакам - печени компири, боранија, грашок, леќа, обожавам свежи салати и јадам по неколку во денот. Знам и да се прејадам до ‘едвај дишам’, но кога храната не е претешка, не е ни страшно“, вели Миа и ни ги откри и своите рутини за нега и убавина, и тајната на стилот.

Миа Костова е жена која е секогаш средена, убаво дотерана, впечатлива во стилот.
Таа многу внимава и негата на своето лице и тело, и тоа го прави секојдневно, со години, а подеднакво внимава и на исхраната, преку броење калории.
Поранешната водителка и инфлуенсерка, за CRNOBELO.com ги откри своите тајни за нега, стил и убавина, поради кои секогаш зрачи:
Начин на облекување
Мојот стил е спортско елегантен дефинитивно. Бегам од фустани и превисоки потпетици, обожавам добри патики, елегантни сандали или балетанки.
Имам мал милион сакоа кои ги комбинирам со целиот плакар. Мразам премногу детали и бои.
Мојот аутфит не завршува без часовник и соодветен накит, а пазарам буквално секаде. На пазар може да ми фати око нешто, а може и во поскап бутик.

Најчесто купувам парчиња кои се лесни за комбинација, кошули и панталони со широки линии, фармерки, разно разни џепери и маици кои сакам да делуваат уредно и чисто.
Никаде не одам без неколку сакоа и без пар фармерки.
Мене никогаш не може да ме видите во фустан во силни бои, па дури и да не е фустан.
Во мојот плакар не постојат дреч парчиња ниту парчиња во разни бои - само сиво, крем, кафено, црно, темно зелено.

