Миа Костова за стилот и убавината: „Ботокс ставам двапати годишно, мразам кардио вежби и пешачење“
Нега на лицето и телото
Многу внимавам на лицето.
Од тоа дека десетина години користам ботокс двапати годишно на челото и околу очите, преку скинбустери и биоревитализатори, до тоа дека мојата рутина двапати во денот е неизбежна колку и да сум уморна или колку и доцна да сум се прибрала.
Правам длабинско двојно чистење, користам серуми, креми и маски.
Домашни маски не користам, а од време на време одам и на професионални третмани.

Начин на исхрана
Јас живеам така - навикната сум точно да знам колку и што можам. Претежно исхраната ми се сведува на броење калории, но кај мене тоа оди лесно затоа што од око знам до кај сум и уште колку имам.
Во секој случај, гледам да јадам чисто и поздраво.
Од ништо не сум строго лишена, но секако дека не конзумирам тесто, благо, сокови, висококалорични оброци, брза храна, тоа скоро и да сум заборавила како изгледа.
Со оглед на тоа што редовно готвам, кај мене дома има ручек 4-5 пати неделно, јадам домашна храна, и тоа е тоа што најмногу го сакам - од печени компири, преку боранија, грашок, леќа, обожавам свежи салати и јадам по неколку во денот.
Многу сакам морска храна, добро приготвена, месо…
Инаку знам да се прејадам до ‘едвај дишам’ но, кога храната не е претешка, не е ни страшно.

Фитнес и спортување
Интензивно и редовно вежбав цела зима, но летово со патувањата некако комплетно ме извади од форма.
Ќе се вратам наскоро. Вежбам на справи и само тоа ми годи.
Мразам долго кардио, не сакам пешачења, мразам планини.
Јас сум професионален пливач, но некако немам каде и кога.
Инаку, најмногу вежбам заради главата, телото е на второ место.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
