Ледената Македонка Бетика за поплавите во родниот Ресен: „Оваа срушена куќа е во мојата улица, каналите се преполни ѓубре“
Кога не чистиме, не одржуваме, не превенираме, ние всушност ја туркаме природата да зборува погласно.
А таа зборува преку поплавени домови, уништени ниви, исплашени семејства.
Ресен денес е симбол на колективна негрижа, но и можност за будење.

Зашто секоја катастрофа што можела да се спречи е морален пораз, не временска непогода.
Прашањето веќе не е дали ќе има поплави.
Прашањето е дали ќе продолжиме да се преправаме дека не знаеме зошто се случуваат!
Или ќе се разбудиме и сплотиме, или ќе не проголта сите.
Во мојата улица секој ден стравуваме од оваа куќа, денес се руши дел.

Оваа улица е во центар, доста фреквентна.
Фала богу нема повредени.
Апелирам до надлежните да си ја завршат работата!“





Прочитајте и Бетика од Ресен: „Бев хиперактивно дете, но по сообраќајна незгода животот ме врза за кревет, паднав во депресија“
С. С. | Црнобело
