Верица од Струмица, македонската Барби: „Сопругот ми вели ‘како сакаш душо’, на патувања си ангажирам фотограф по 2-3 часа“
Висока сум 184 сантиметри, имам нозе долги 103 сантиметри, слаби раце и тенок струк.

Но, исто така имам големи листови, крупна коскена градба, големи зглобови на нозете, голем број на обувки, проблеми со лимфниот систем итн.

На шега дури се нарекувам „изгладнет германски овчар“.
Никогаш нема да бидам ситна и нежна девојка, но и тоа е сосема во ред!

Запознајте го своето тело, запознајте го своето лице, работете на она што не ви се допаѓа и извлечете го максимумот од својот изглед.

Пронајдете славна личност што има 80–90% сличен тип на тело како вашиот и следете ги нејзините совети.

Моето тело природно е слично на телото на Кендис Сванапул, кое исто така не е совршено, и тоа е сосема во ред.

Можете да го подобрите својот изглед, но не можете драстично да ги промените типот на телото, коскената градба, висината и слично“.

