На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шетаме по плажи“
- Детали
- четврток, 25 јуни 2026
„Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и децата, тоа ми е најубав период. Ако не беа баба и дедо, ќе имаше и по некоја кавга со Ивана, која им е позната на сите родители на одмор. Сакаме да сме сместени во прв ред, за да не шетаме по плажи и да ни биде полесно за децата“ - вели Миро Кацаров за семејниот одмор во Калитеа.

Водителот Миро Кацаров и неговата сопруга, поранешната одбојкарка, Ивана Кацаров, беа на летен одмор на првиот крак во Грција.
За почетокот на летото, тие бираат семеен одмор, со помош од баба и дедо, за да можат вистински да се одморат.
Откако неодамна беа на семејно патување во Париз со синот Тадеј и Миа, ќерката на Ивана од првиот брак, која Миро ја гледа како своја, сега го имаа и првиот заеднички летен одмор како четиричлено семејство.
За тоа каков тип на одмор сакаат, како поминале со двете деца и во што уживаат, Миро за CRNOBELO.com раскажува:
„Секоја година имаме традиција, одиме со моите родители на првиот крак во Грција, од 7-10 дена, со мајка ми, татко ми и децата.
Некако тој ни е првиот одмор во годината, каде најчесто се посветуваме на семејството, моите ни помагаат со чување на децата, така што фамилијарно ручаме, вечераме.

Мислам дека тоа ми е еден од најубавите периоди кога си шириме љубов, позитивна енергија со блиските. Затоа се вика и одмор.
Убаво ми е кога се сите на едно место, а цело е кога си има сè.

Ако не беа баба и дедо, одморот ќе беше зачинет и со мала и поголема кавга, од типот 'па ти сега оди направи ова со детево, па оди успиј го, па треба да јаде, па дај му ти', така тие мали интересни кавги на родителите за децата, кога се спиени, јадени итн.

Бевме во приватни апартмани, а баба готвеше многу нормално.
Децата јадеа и готвено и купечко, а најчесто сакаа надвор да јадат сладоледи, гиро, морска храна, и фала му на Господ им го овозможувавме тоа.
Но ние сме луѓе и кои си готвиме, а знаеме и надвор да јадеме, скромни сме, умерени, немаме големи амбиции, дека мора да е надвор, па дали е здраво и слично.

Не шетаме по разни плажи, не се влечкаме, затоа сме во прв ред сместени, за на децата да им биде полесно, да не бидеме нервозни, па влези во кола, жешко, гума, мускули, Тадеј плаче, на Миа ѝ се јаде, итн.
Така што секогаш гледаме да бидеме до плажа, за да може и дома кога ќе се направи јадење да се јаде и кога треба да се одмори, да ни биде блиску.
