Миро Кацаров на семејно патување во Париз - Кафе со мајка му и сопругата, забава во Дизниленд, ја слави титулата на ПСЖ
- Детали
- понеделник, 01 јуни 2026
Дека уживаат во патувањето во Париз, и Ивана и Миро покажаа преку фотките и видеата што ги споделуваат на социјалните мрежи - седнати во париско бистро со мајката на Миро и двете деца, додека се на прошетка низ градот, или на крстарење по Сена, со поглед на Ајфеловата кула.

Нашиот водител Миро Кацаров веќе неколку дена е во Париз, на семејно патување.

Тој и сопругата Ивана се во градот на светлината заедно со синот Тадеј, Миа - ќерката на Ивана од првиот брак, која Миро ја обожава, а со нив е и мајката на Миро.

Дека уживаат во патувањето во Париз, и Ивана и Миро покажаа преку фотките и видеата што ги споделуваат на социјалните мрежи - сите седнати во париско бистро, додека се на прошетка низ градот, или на крстарење по Сена, со поглед на Ајфеловата кула.

Тие пристигнаа во Париз на денот на финалето на Лигата на шампионите, во кое париски ПСЖ го победи лондонски Арсенал, па Миро, Ивана и Миа се шетаа низ градот додека се играше натпреварот.

Потоа се придружија на прославата на титулата, токму во населбата Сен Жермен, од каде што потекнува победничкиот клуб.

Го посетија и Дизниленд, и не ја криеја среќата, ни Ивана ни малата Миа, а и Миро уживаше во забавниот парк.

„Среќата е едноставна: јас, ти и нашето девојче“, напиша Ивана на фотката што ја сподели на Инстаграм.
Погледнете повеќе фотографии од нивното патување во Париз на следната страница...









А. Ј. | Црнобело