Миа Костова и Тијана Скулиќ си купија плацеви во Соње една до друга: „На здравје со сосетката“
- Детали
- сабота, 03 јануари 2026
Миа Костова си купи плац во Соње, а веднаш до неа и Тијана Скулиќ која вели: „На свои 30 години успеав со свој труд, до денар, да си купам имот и го почнувам мојот животен сон и најубав проект - куќата од соништата“.

Миа Костова и Тијана Скулиќ ја завршија старата 2025-та со остварување на својот сон. Купување на плацеви во Соње и тоа една до друга.
Двете се пофалија дека ќе бидат први сосетки и на сите им посакаа да доживеат убавини и задоволство како тие, кои сами до денар успеале да го финансираат својот сон.

Миа Костова вели:
„На моменти помислувам дека не знам како се најдов тука, со што заслужив сè што имам, ама бргу ми текнува дека својот пат си го изодев чесно.

Чудно е што си ги гледам статусите од секоја година и колку и да ми била тешка – сум била многу благодарна што храбро сум ја поминала.
Не ми е ни денес сè мирна вода, ама се носам со предизвиците, загубите, луѓето што излегле од мојот живот и просто не се јадам и окривувам, верувам во небото и верувам дека има зошто е тоа така.

Знам дека сите имаме една желба, таа е здравје и сите на број. Мојата е таа откако знам за себе.
Никогаш немав големи соништа и баш затоа денес често мислам дека сонувам кога ми се остварува сè што сум мислела дека би било баш фино да е така - ама нема шанса.

Има шанса. Верувајте ми на збор.
Само, наспроти сите лајф коучови, ве советувам да сте многу истрајни и трпеливи. Желбите се остваруваат само ако работиш на нив, не ако премногу им веруваш и се надеваш некој тоа да го заврши за тебе.

Ве уверувам дека платата од 400 евра носи повеќе сила од куќата од тато и џипот од сопругот.
Како остварена жена на секое поле можам да кажам дека нема ништо страшно и срамно во која било работа, нема ништо страшно во бидување сам, кога така се случило, ниту паника од чување дете со две блузички.

