Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото на баба ѝ Неда (81)
Во еден тежок момент, со болна рака, таа успеа да го напише своето име и во тие неколку букви има повеќе сила, отколку во илјада зборови.

Денес тоа име живее на мојата кожа, напишано од неа, од мојата Неда.

Другата тетоважа е нејзиното око… Окото што ме гледаше со најчиста љубов, што ме чуваше и кога не знаев дека ми треба заштита.

Окото што и денес ме следи, ме смирува и ми дава сила да продолжам.

Ако треба, без ниедна секунда двоумење, ќе го дадам целиот мој живот за неа - само да ја гледам уште долго како се смее, само да ја имам покрај мене.

За некој ова се само тетоважи, а за мене ова е љубов што не знае за граници, врска што не може да се прекине и срце што секогаш ќе ѝ припаѓа на неа.

Затоа што јас сум нејзината внука… А таа е мојата вечност“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело