Mиа Костова објави фотка од татко му на Андрија, без да го покаже лицето - па се соочи со бизарни коментари
- Детали
- сабота, 28 март 2026
„А колку ве има љубопитни и нервозни дека немате увид на кој личи Андрија... На татко му е во висина, газ, грб и општо – презгоден. Јас сум скроз нормално висока, ама не личи така кога шетам со татко му“, се огласи Миа Костова и објави фотка како шета со таткото на нејзиниот син.

Mиа Костова на својот Инстаграм профил се пожали дека има многу љубопитни луѓе, до степен на некултура, кои постојано си го пикаат носот во туѓите животи и во нејзиниот случај сакаат да дознаат кој е татко на нејзиниот син Андрија.

Таа сега им одговори објавувајќи фотографија од татко му на Андрија, каде тој и таа се сликани од зад грб:
„А колку ве има љубопитни и нервозни дека немате увид на кој личи Андрија... На татко му е во висина, газ, грб и општо – презгоден.
Јас сум скроз нормално висока, ама не личи така кога шетам со татко му“.

Потоа, таа сподели дел од пораките во нејзиното Инстаграм сандаче, каде една девојка место кај другарка, кај Миа пишува и прашува кој е, а друга, пак, ја прашува дали повторно би имала интимни односи со него.

Миа се пожали дека е навистина тешко да се биде јавна личност со активен Инстаграм профил и да се одговора на разно разни прашања и коментари.


