Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивен спомен од него со ќеркичката - тој вели: „Мавни ѝ со рака на мама“

Наталија на Инстаграм Стори прво сподели емотивно видео со инсерти од кобната ноќ во дискотеката Пулс, од кое ќе ве полазат морници и повика поддршка за Маршот на ангелите, а потоа објави видео од архива со сопругот Андреј и ќеркичката, кога двајцата се возат на жичница и ѝ мавтаат со рака на мама.

soprugata-na-andrej-od-dnk-objavi-emotiven-spomen-od-nego-so-kjerkichkata-toj-veli-mavni-i-na-mama-01.jpg

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на Андреј од ДНК, ретко споделува на социјалните мрежи откако го загуби сопругот во трагедијата која се случи во Кочани на 16 март, каде прекина животот на 63 невини души. 

Сега таа на Инстаграм Стори сподели неколку објави, меѓу кои и едно старо видео од архива, кое истовремено топли душа заради љубовта која зрачи, но и создава уште поголема болка заради тоа што веќе нема да се повтори.

Снимката е направена од Андреј, додека среде зима се вози на жичница со нивната ќеркичка Јана.

Тој ѝ вели „Мавни ѝ на мама“, а Јана се смее, мавта со рака во камерата и потоа кажува „Многу е страшно“, на што тој одговара „Чекај не е страшно“ и снимката прекинува.

Може да го погледнете видеото ТУКА, додека е активно, бидејќи по 24 часа од објавата истекува. 

soprugata-na-andrej-od-dnk-objavi-emotiven-spomen-od-nego-so-kjerkichkata-toj-veli-mavni-i-na-mama-02.jpg

Ова е една од најемотивните објави на Наталија, откако 7 дена по трагедијата сподели срцекршачки разговор со ќеркичката.

„Мамо, сакам да бидам дома, зашто ЈАС ти требам тебе... А и ти ми требаш мене... Јана за 7 дена порасна како за 7 години“ – напиша Наталија тогаш.

Инаку, освен видеото кое ја распарува душата, Наталија на Инстаграм Стори сподели и апел за поддршка на 30-тиот Марш на ангелите, што ќе се одржи на 15-ти ноември во Скопје.

soprugata-na-andrej-od-dnk-objavi-emotiven-spomen-od-nego-so-kjerkichkata-toj-veli-mavni-i-na-mama-03.jpg

Таа сподели видео со инсерти од кобната вечер во дискотеката Пулс во Кочани, на кое во позадина се слушаат извадоци од зборовите кои биле пренесувани на телевизија, од што повторно ќе ве полазат морници.

Во апелот кој го сподели Наталија стои:

ПОВИК ЗА 30-ТИОТ, МАРШ НА АНГЕЛИТЕ "

На 19 ноември 2025 година започнува судскиот процес за трагедијата што засекогаш ги промени нашите животи. Ние, родителите и семејствата на загинатите млади животи, ќе бидеме таму - мирно, достоинствено и со вера во вистината, за да го следиме судењето и потсетиме дека секоја пресуда мора да се темели на вистината, а не на заборавот.

Во пресрет на почетокот на процесот, ве повикуваме сите граѓани на Mакедонија, сите што веруваат во човечноста и правдата, да ни се придружите на:

15 ноември 2025 год. (сабота)
12:05 часoт

Од плоштад Македонија - Скопје, продолжуваме кон Собранието, до Основниот кривичен суд – Скопје.

Да чекориме со љубов, со болка и со достоинство

Во име на оние што повеќе не можат да чекорат

Овој марш не е протест, туку мирен апел за правично судење!!!

За да потсетиме дека зад секој број стои име, живот, семејство и болка.

Нашата порака е едноставна, но длабока:

За нашите деца.

За вистинска правда.

За Македонија со совест.

Да покажеме дека ова општество не молчи пред неправдата и дека постои народ што се откажува од вистината!!!

„Во овој момент, вашата поддршка ни е Сè!“ - напиша таа во описот на објавата. 

Прочитајте и Храбар до последниот здив, хуманитарец во душа - Сеќавање на Андреј Ѓорѓиески од ДНК

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...

Најчитани неделава