Тина од Струмица воодушеви на германскиот The Voice - Жирито со подзината уста, се „степаа“ кој да ја земе во својот тим

Во првото појавување пред жирито, нашата Тина ја пееше Do It Like a Dude од Џеси Џеј и толку многу го воодушеви жирито, што дел од нив буквално подзинаа и се „степаа“ кој прв ќе го притисне копчето за да покаже дека ја сака Тина во својот тим.

tina-od-strumica-voodushevi-na-germanskiot-the-voice-zhirito-so-podzinata-usta-se-stepaa-koj-da-ja-zeme-vo-svojot-tim-01.jpg

Тина Русева (20) е родена во Струмица, но живее во Леверкузен, Германија.

Таа пее одамна, и тоа толку добро што уште во детството настапуваше на Славјански базар во Белорусија, каде што освои 2. место, а беше и лауреат на „Езерски бисери“, фестивал кој се одржува во Струга.

Но, таа сега ја освои и германската публика, откако почна да се натпреварува во германската верзија на музичкото шоу The Voice, кое е едно од најголемите во светот за откривање музички таленти.

Тина неодамна преку Инстаграм најави дека ќе се натпреварува во шоуто, а дека нејзиниот прв настап ќе се емитува на 02.10.

Во првото појавување пред жирито, таа ја пееше Do It Like a Dude, песна од Џеси Џеј, и растури, а тие останаа буквално со подзината уста и се „степаа“ кој прв ќе го притисне копчето за да покаже дека ја сака во својот тим.

Тина објави и видео од својот настап, а доби бројни пофалби и честитки и за пеењето и за поминувањето во следниот круг од натпреварувањето.

Кликнете на видеото за да го погледнете настапот на Тина:

Повеќе фотографии:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мила Арсовска со исповед: „На 2 години ме прегази воз – дел од стапалото ми е ампутирано, никој не з... „Возот помина преку мене, вагон по вагон, оставајќи ме да се борам да преживеам....
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава