Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна

Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да стане хит на летото. Станува збор за лесна и заразна песна која уште на првото слушање влегува под кожа.

duper-ja-otvoraat-letnata-sezonata-so-nova-pesna-01.JPG

Музиката, текстот и аранжманот се дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, тандемот кој и овојпат испорачува звук што е истовремено модерен и интимен, со мелодии што носат ведрина и текст што се памти од прва.

duper-ja-otvoraat-letnata-sezonata-so-nova-pesna-02.JPG

duper-ja-otvoraat-letnata-sezonata-so-nova-pesna-03.JPG

duper-ja-otvoraat-letnata-sezonata-so-nova-pesna-04.JPG

Видеото, кое веќе е достапно на YouTube, го режираше Трифун Ситниковски и носи визуелна игра која совршено го доловува духот на песната. Неочекувано, динамично и креативно, спотот додава нова димензија на песната без да ѝ го одземе вниманието. Напротив, го збогатува целосното искуство.

Погледнете го видеото:

ДУПЕР остануваат верни на својата музичка естетика, но и храбро експериментираат со звукот и формата. Со овој сингл, уште еднаш потсетуваат дека се бенд што не брка трендови, туку создава нови.

Би можело да ве интересира:

Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред само два месеци...
Дупер не запираат: Нова песна „На пола пат“ По серијата хитови и засиленото присуство на сцената, дуото Дупер денес точно на...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg