„Би сакал да верувам дека е пак рекла-казала од 90-ти, па да викаат пак се излечил“ – Дарко Лешоски со емотивна објава за Владо Јаневски
- Детали
- понеделник, 29 јуни 2026
„Би сакал да верувам дека е пак “рекла казала” од ʼ90-ти, кога имаше сида во Русија, па само да се појавиш од нигде никаде на МТВ како промовираш нов албум. Па па после рекла казала - се излечил бе, друго нешто само било. Па после пак да исчезнеш. И пак да се појавиш. На татко ми скоро дваес години му ѕвони телефонот со воведот од твојата 'Евергрин'...“

Веста за смртта на Владо Јаневски ја погоди цела македонска естрада, но и сите останати кои пораснаа и живееја со стиховите на неговите песни.
Колегите и пријателите се збогуваат од него со емотивни зборови и сеќавања од случки со него, а на социјалните мрежи сите ги споделуваат своите омилени песни од нашиот романтичар.

Дарко Лешоски, нашиот поет, напиша емотивна објава, во која вели дека посакува и овој пат, исто како во минатото, да е само шпекулација.
Тој се потсети на периодот кога лажно се проширија гласини за смртта на Владо и за негова наводна болест, а пејачот потоа повторно се појави, па почнаа нови гласини.
Дарко сподели и емотивна семејна поврзаност со пејачот.
Во продолжение објавата на Дарко Лешоски:
„Би сакал да верувам дека е пак “рекла казала” од ʼ90 -ти, кога имаше сида во Русија, па само да се појавиш од нигде никаде на МТВ како промовираш нов албум.
Па па после рекла казала - се излечил бе, друго нешто само било. Па после пак да исчезнеш. И пак да се појавиш.
Ниеден македонски музичар не бил присутен во мојот живот секојдневно како тебе од наједноставна причина: на татко ми скоро дваес години му ѕвони телефонот со воведот од твојата „Евергрин”.
Твоите липи ко плин и твојот Џубокс се дел и од мојот живот. Како и на илјадници.
А од такво наследство - нема ништо поскапо… Ништо!
И за последно, би сакал таму горе исто како јас кога сум велел на секој нов телефон од татко ми додека ме тера да му ја наместам „за ѕвонење” : „Је*** те Владо те *** како не ти здосади - не може, стварно на овој телефон не може!”
Таму горе да речат за најубавото место за тебе - како татко ми во тие моменти мене: „Може! може! ајде ајде!”
За мене е оваа секогаш ќе е една од најфраерските текстови и спотови.
Почивај во мир!“
М. М. | Црнобело