Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто облечени“
- Детали
- понеделник, 06 октомври 2025
„Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и ја видов Хајди Клум. Со еден збор, за неа ќе кажам дека е ЖЕНА ЛАВИЦА. Изгледа како да има 33, а не 52 години. Најинтересно е дека таа ми пристапи прва, а јас бев во шок“ - Октај Сејди за CRNOBELO.com накратко раскажува за средбата со светски топ модел.

Нашиот стилист за коса, Октај Сејди, кој работи со многу наши и регионални познати личности, деновиве беше на Модната недела во Париз.
Освен што имал можност да присуствува на ревии, да разгледа како изгледаат гостинките кои доаѓаат на вакви настани и да ги оцени (за својата публика) нивните фризури, тој остварил и контакт со познати личности.

На својот Инстаграм профил тој сподели повеќе фотографии на кои се забележува неговиот впечатлив моден стил и дозата луксуз која ја ужива со животниот стил.
Но, тој објави и фотографија со светскиот топ модел и ѕвезда Хајди Клум, со која имал можност кратко и да поразговара.
За CRNOBELO.com тој го сподели впечатокот од средбата:
„Неделава беше Paris Fashion Week, каде што имав прилика да видам и да стапам во контакт со повеќе јавни личности од светски рамки.
Откако заврши ревијата на која бевме заедно, седнавме во ресторанот кој беше најблиску.
Додека јадев одеднаш погледнав случајно пред мене и ја видов Хајди Клум. Дојдовме во контакт со очи повторно и ми се насмеа благо.

Таа беше седната со целиот нејзин тим, а меѓу нив беше и ќерка ѝ. Беше огромна чест лично да ја запознам.
Со еден збор, за неа ќе кажам дека е ЖЕНА ЛАВИЦА. Изгледа како да има 33, а не 52 години.
Мислам дека е добар пример за тоа како треба да изгледаат девојките во иднина, на позрели години.

Додека седевме, со блага насмевка ми кажа - Имаме сличен костим (сако), јас во моментот се погледнав и сфатив дека сме „matching“.
Најинтересно е дека таа ми пристапи прва, а јас бев во шок, но ми кажа - Зрачиш со посебна енергија, те забележав уште на ревијата.
Ми постави неколку прашања и навистина ми беше чест што стапивме во контакт.

Ми беше огромна чест да сум дел од такви ревии, најголема чест ми беше што ја имавме и нашата Коцарева, што имаше своја ревија таму и гордо ја претстави својата колекција.
Запознав безброј познати личности кои ќе ми придонесат за понатаму во животот од аспект на работа, мене пасија ми е модата, честопати патувам, цело време сум во тек со сите модни нови парчиња.
Преферирам да сум на вакви настани и посакувам повеќе наши имиња да бидат на вакви места, затоа што и ние можеме многу, само ни треба поддршка од нашата публика за да можеме да бидеме тоа што се они.
Ќе има во иднина уште поголеми настани и проекти, но не смеам многу да откривам“.

Повеќе фотографии од Октај во Париз:









©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело