Слаткар брутално искрен: „Велеа дека сум наркоман поради говорната маана, а јас бев среќен што не зборуваа дека д'ткам“
- Детали
- понеделник, 06 јули 2026
„Добро е, нека зборат дека сум наркоман, само да не зборат дека д’ткам. Замисли што се дешава у главата на едно младо дете што има, условно кажано, таков проблем“, вели Слаткар, па објави порака од мајка која му вели дека поради неговото јавно зборување, нејзиното дете кое пелтечи, веќе не е толку несигурно во себе.

Марко Маринковиќ Слаткар никогаш не криел дека пелтечи од дете, но дека токму тоа му било мотиув да почне да пшишува песни, да пее и да се изразува преку музиката.
Денес тој уште погласно зборува на оваа тема, а со тоа им дава позитивна вибрација на многу млади кои минуваат низ истото низ коешто поминал тој, сакајќи да им помогне да го надминат психичкиот проблем што го чувствуваат самите и да не се плашат да бидат храбри и свои.

„Кога излегов, сите збореа дека сум наркоман, никој не збореше дека д’ткам. Јас бев среќен.
Добро е, нека зборат дека сум наркоман, само да не зборат дека д’ткам. Замисли што се дешава у главата на едно младо дете што има, условно кажано, таков проблем“, вели Слаткар на почетокот на својата изјава, а поврзана со филмот што се снима за него, каде фокусот не е музиката и неговата кариера, туку говорната маана која ја има од дете.

Слаткар никогаш не криел дека поради ова имал голем проблем, и дека токму музиката и пишувањето песни му помогнало да надмине дека од проблемот.
Но оваа брутална изјава на Слаткар предизвика бројни позитивни реалции во јавноста.
Самиот музичар објави порака што ја добил на Инстаграм, од мајка чие дете, исто така д’тка.
Во пораката, таа му напиша:
„И моето дете д’тка, а кога го слушна ова се охрабри, се насмеа, доби самодоверба... Мамо, и Слаткар е како мене... А ги знае сите ваши песни...“.

Пораки имаше и во коментарите на видеото, па, една девојка вели дека е горда што тој ги претставува сите што д’ткаат.
„Знам нема да го видиш ова, ама многу сум горда што нè претставуваш нас со д’ткањето. Јас сум моментално матурантка и многу ми смета, но гледање на твоите емисии, настапи, сè понормално ми станува. Благодарам и ти посакувам многу успех во иднина“.
Инаку, Слаткар не е единствениот музичар кај нас кој зборува за проблемите со пелтечењето. И Пајак и Мартинијан Кириловски зборуваат на оваа тема. Па додека Пајак неодамна јавно проговори за несигурноста што ја има поради тоа што пелтечи, Мартинијан често говори за пелтечењето.
Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело