Пајак за пелтечењето: „Не можев да речам мама - таа ме научи да зборувам, имавме многу непреспани ноќи и вежбавме“
- Детали
- вторник, 23 јуни 2026
„Со момиче се среќаваш првпат, не можеш да збориш, не знам како да ти го опишам. Сакаш да кажеш нешто, а зборот не излегува од тебе, како да те држи тука нешто“, вели Христијан Настески - Пајак за пелтечењето со кое се соочува од својата четврта година.

Христијан Настески - Пајак веќе неколку години е миленик на помладата публика, а го слушаат и оние повозрасните. Тој неодамна го објави и својот прв албум „2000 и некоја“, со која се зацврсти на врвот на домашната музичка сцена.
Но, малкумина знаат дека ова младо момче од дете пелтечи, иако тоа не се слуша во неговото пеење.
Христинан не зборува често на оваа тема, но се отвори во подкастот на Стефан Лазаров, па искрено прозборе за проблемите со кои се соочувал.

„Да не била мајка ми, мислам дека сега немаше да правиме муабет. Не можев да речам мама“, вели Пајак.
„Кога приметуваш пречки во говорот?“, прашува Стефан.

„Па од 4 години. Тие години ми се во магла малце. Дали се случило од уплав, од страв, не знам.
Со момиче се среќаваш првпат, не можеш да збориш, не знам како да ти го опишам. Сакаш да кажеш нешто, а зборот не излегува од тебе, како да те држи тука нешто.
Како да сакам сега, на пример, да ти кажам ‘Лазаров’ и не излегува брат од мене, сфаќаш?

А има многу работи што сакам да ги кажам, што сум сакал да ги кажам уште од мал, а не сум можел.
За сè ова денес е ‘виновна’ мајка ми, толку многу се трудела жената. Ми вика: ‘Ме фати инает, мораше да зборуваш’.
Јас памтам колку сме вежбале навечер, значи, неспани вечери сум имал и тоа многу, да не била мајка ми, брат, не знам...“
Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело