Пајак: „Никогаш не сум бил во Грција, сме немале можности - мама првпат на море ме однесе на 16 години“
- Детали
- понеделник, 20 април 2026
„Како може да не си бил во Грција?“, го праша водителката, а Пајак вели: „Не сум бил. Па, сме немале можности. Мама, знам само еднаш, ме има однесено до Албанија. Првпат на море сум бил на 16-17 години во животот“. Искрено вели Пајак и oткрива дека цени сè што неговите родители направиле за него и сега сака да им помогне. Ваква младина сакаме! Вистински пример за сите млади!

Христијан Настески Пајак е една од нашите најсветли млади ѕвезди, која покрај со талентот за музика, блеска и со природноста, скромноста и непосредноста.

Во ТВ гостување во емисијата „Никој да не знае“ на Телма телевизија, кај Катерина Тодевска Спасиќ, тој отворено проговори дека никогаш во животот не бил во Грција, дека прво летување на море му било на 16 или 17 години во Албанија, а дури и денес кога сам заработува пари од музика првенствено сака да им обезбеди на своите родители да одат на одмор, а дури потоа планира да си дозволи на самиот себе.

Дете за почит, дете за поздрав, вистински пример каква младина сакаме да имаме...
И секој тргнува од различна стартна позиција, но за луѓето со ѕвезда како него, само небото е граница.

Неговата исповед:
„Јас сум тука за моите за што и да им треба, но тие сметаат дека пак мора да работат. Тоа е, со мама се расправам, сакав да ја натерам да не работи, но нема шанси.
Потрошиле многу време на нас и сакам малку да уживаат и тие.
За пари не е проблем. Сум ми давал и ќе им давам. За што и да е...
И ги праќам сега во лето, секое лето по два-три пати на одмор.

„Навистина?“, го праша водителката.
Да, а јас не сум бил. Знаете дека не сум бил? Во Грција, не сум бил во животот.
