Доволно ретро за да биде повеќе од модерно: „Коктел“ од љубовни нежности и комплименти во – „Само ти“

Онаму каде што го започнаа своето возобноивено музичко патешествие кон крајот на минатата 2025 година со нивното ново првенче „Каде ти, таму јас“, македонскот поп рок дуо „Коктел“ сега продолжува со нова песна.

dovolno-retro-za-da-bide-povekje-od-moderno-koktel-od-ljubovni-nezhnosti-i-komplimenti-vo-samo-ti-01.jpg

Стевче Грозданов и Блаже Темелков, добро познатите музички имиња  на македонската музичка јавност својот камбек одново го зачинија со тема која јасно го детерминира нивниот стил. „Само ти“ е уште едно спакувано поп рок бонбонче во нивната новотворена музичка бонбониера.

Задржувајќи ја истата линија на стилот кој решиле да го негуваат или поточно продолжат уште откако започнаа пред 30 години, „Коктел“ и натаму ја покажуваат својата музичка автентичност на свој сопствен начин по рецептура која отсекогаш била едеиница мерка за успех: хитовски ориентирана песна, со едноставен ритам, лесно певлив рефрен кој на прва влага в уши и виртоузна гитарска бравура.

dovolno-retro-za-da-bide-povekje-od-moderno-koktel-od-ljubovni-nezhnosti-i-komplimenti-vo-samo-ti-04.jpg

Поп рок парче, налик на оние стари добри екс - ЈУ хитови кои повозрасните ги потсетуваат на нивнита најубави младешки години. Без тјуниран вокал, без вештачки фајлови, набилдан ритам,  купишта синтетизирани звуци... Само чиста, природна енергија, со соло вовед, искрен, емотивен текст отпеан од суптилниот вокал на Блаже и гитара која плаче, вреска и реже под прстите на Стевче.  Доволно ретро за да биде повеќе од модерно!

Песната е визуелизирана со едноставно, но симпатично видео кое делува мошне искрено и на моменти толку романтично, особено ако се знае дека во него е за прв пат заедно, но само во музички видеоспот, најпознатата македонска модно-брачна двојка, Светлана и Мики Црнокрак.

dovolno-retro-za-da-bide-povekje-od-moderno-koktel-od-ljubovni-nezhnosti-i-komplimenti-vo-samo-ti-02.jpg

Приказна која дава дополнителна убавина дека вистинската љубов може да трае и да биде вечна, без оглед на јавната професија и популарноста на обајцата сопружници.

Музиката и стиховите се авторско дело на пејачот Блаже Темелков, аранжманот на Стевче Грозданов, кој го потпишува и видеоспотот, додека миксот и мастерингот ги изработил Горан Гешовски.

dovolno-retro-za-da-bide-povekje-od-moderno-koktel-od-ljubovni-nezhnosti-i-komplimenti-vo-samo-ti-03.jpg

Како изгледа и звучи  „Само ти“, слушнете и погледнете од видеото:

 

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Коктел“ од емоции и страст со урбан шмек за срцебиење сто на час во – „Каде ти, таму јас“ Многумина ги паметат како дуо „Коктел“ кои во почетокот на 90-тите во ...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...

Најчитани неделава