Ана и Алексеј од Битола ја преработија безвременската „Немир“ од Каролина и Тоше (видео)

Младите талентирани музичари Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ја претставуваа Македонија на Детската Евровизија 2024, објавија нова преработка на безвременскиот хит „Немир“, во оригинална изведба на Тоше Проески и Каролина Гочева.

ana-i-aleksej-od-bitola-ja-prerabotija-bezvremenskata-nemir-od-karolina-i-toshe-video-01.jpg

Иако веќе се препознатливи по своите настапи и авторски музички проекти, овој пат решија да ѝ дадат нов живот на една од најубавите македонски балади.

„Постојат песни што не се само музика, туку емоција што трае. Ја одбравме „Немир“ затоа што веруваме дека вистинските песни заслужуваат повторно да бидат слушнати и почувствувани.

Ова е композиција што и денес ја носи истата емоција и сила како и кога беше создадена. Со голема почит кон оригиналната изведба на Тоше Проески и Каролина Гочева, сакавме да ѝ дадеме наше музичко видување, притоа зачувувајќи ја искреноста и пораката што ја носи.

Се надеваме дека преку оваа изведба ќе придонесеме оваа прекрасна песна да продолжи да живее и да допре до нова публика, затоа што добрата музика е безвременска,“ велат тие.

Со оваа преработка, Ана и Алексеј продолжуваат да ја градат својата музичка приказна, покажувајќи дека покрај создавањето нова музика, со голема почит се навраќаат и на највредните дела од македонската музичка сцена, носејќи ги поблиску до младата публика.

Кликнете и погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...

Најчитани неделава