Македонската бруталистичка архитектура како сцена за електронска музика - Нашиот DULELUD го претстави првиот сет од новиот серијал

На Меморијалната костурница во Кавадарци е снимен првиот сет од серијалот од четири музички видеа, на нашиот продуцент и диџеј, DULELUD, а кои се снимаат на локации со бруталистичка архитектура.

makedonskata-brutalistichka-arhitektura-kako-scena-za-elektronska-muzika-nashiot-dulelud-go-pretstavi-prviot-set-od-noviot-serijal-01.jpg

Станува збор за проект кој ги спојува музиката со македонската архитектура, и токму затоа како прва локација е избрано едно од највпечатливите дела на бруталистичката архитектура во Македонија - Меморијалната костурница.

Локацијата е избрана поради нејзината историска, културна и архитектонска вредност, а целта е преку музиката да се претстави овој простор од поинаков, современ агол.

makedonskata-brutalistichka-arhitektura-kako-scena-za-elektronska-muzika-nashiot-dulelud-go-pretstavi-prviot-set-od-noviot-serijal-06.jpg

Музичката селекција е составена од Melodic, Progressive и Afro House композиции, а вклучува и авторски изданија на DULELUD како и (необјавена) музика од негови блиски пријатели и колеги диџеи и продуценти со кои соработувал низ годините.

Режијата и видео продукцијата се на Орце Поповски (PopPhoto), додека координацијата и снимањето со дрон на Нико Путица.

makedonskata-brutalistichka-arhitektura-kako-scena-za-elektronska-muzika-nashiot-dulelud-go-pretstavi-prviot-set-od-noviot-serijal-04.jpg

За проектот, кој е прв во серијалот, нашиот диџеј и продуцент вели:

„Ова е првиот диџеј сет од проект што го подготвувам веќе подолго време. Идејата е да снимам вкупно четири сета на уникатни локации низ Македонија, а кои претставуваат значајни примери на бруталистичката архитектура кај нас.

Со овој проект не сакам само да претставам музика, туку преку неа да ги промовирам архитектурата, историјата и културното наследство на нашата земја. Македонија располага со извонредни објекти од овој архитектонски правец, кои заслужуваат повторно да бидат видени и препознаени, не само кај нас, туку и надвор од државата.

makedonskata-brutalistichka-arhitektura-kako-scena-za-elektronska-muzika-nashiot-dulelud-go-pretstavi-prviot-set-od-noviot-serijal-03.jpg

Верувам дека музиката е еден од најубавите начини да се поврзат историјата, културата и современата уметност. Затоа секој сет ќе биде снимен на различна локација, со цел преку едно аудиовизуелно доживување да се раскаже приказната за тие простори.

Ова е само почеток. До крајот на 2026 година планирам да бидат објавени сите четири диџеј сета, секој снимен на внимателно одбрана локација и се надевам дека проектот ќе придонесе повеќе луѓе да ги откријат и да ги доживеат овие места на еден поинаков начин, токму преку музика, уметност и визуелно раскажување“.

makedonskata-brutalistichka-arhitektura-kako-scena-za-elektronska-muzika-nashiot-dulelud-go-pretstavi-prviot-set-od-noviot-serijal-05.jpg

Погледнете во видеото и уживајте во два часа добра музика:

Би можело да ве интересира:

Диџеј Babura Јunior сними свој музички сет на Ибица: „Сакав преку музиката да ги пренесам енергијата... „Го снимив во една луксузна вила на Ибица, со неверојатен поглед кон Ес Ведра, е...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Драгана Јовановска ја објави „Лага“ — нова песна со модерен звук и моќен тим зад себе (видео) Македонската музичка сцена периодов не запира — нови проекти, свежи песни и моде...
Меѓу соништата и тишината: ДААН со нова емотивна поп балада – „Сам во моите сни“ Македонскиот пејач и автор Дарко Андонов ДААН ја претставува својата најнов...

Најчитани неделава