Боби Андонов повторно пее на македонски: „Момент“ отвора ново поглавје во неговата кариера

По години поминати во Лос Анџелес, каде што пишува, создава и соработува со врвни музички професионалци, Боби Андонов отвора ново поглавје во својата кариера со песната „Moment“,  односно ново музичко издание на македонски јазик.

bobi-andonov-povtorno-pee-na-makedonski-moment-otvora-novo-poglavje-vo-negovata-kariera-01.jpg

Светски, а сепак наш – Боби е еден од оние артисти што со својот специфичен вокал, препознатлива боја на гласот, имиџ и музички сензибилитет одамна ги надмина локалните рамки. Неговиот музички пат го однесе до Лос Анџелес, но Македонија и македонската публика остануваат важен дел од неговата приказна.

„Moment“ е создадена од искрена и лична емоција, а инспирацијата е неговата сопруга и моментот кога првпат ја запознал.

„Од тој момент знаев дека таа е љубовта на мојот живот, сè за што сум сонувал. Песната е за тоа чувство кога знаеш дека си ја нашол личноста што те прави целосен“, вели Боби.

bobi-andonov-povtorno-pee-na-makedonski-moment-otvora-novo-poglavje-vo-negovata-kariera-03.jpeg

Во создавањето на „Moment“ учествува и Магдалена Цветкоска, чиј начин на претворање на емоциите во зборови Боби особено го цени. Откако ѝ го испратил првичното демо, таа веднаш ја препознала идејата и значењето зад песната, по што започнала нивната соработка.

Продукцијата и аранжманот ги потпишуваат Боби Андонов и Grammy-наградениот продуцент Donny Bravo, кој соработувал со имиња како Benny Blanco, Disclosure и Chris Brown. Според Боби, токму комбинацијата на нив тројца го создала вистинскиот тим за оваа песна.

Македонската публика го памети Боби уште од неговите детски музички почетоци, песната „Прати ми SMS“ и настапот на Детската Евровизија, но и од моментот кога, како дванаесетгодишно момче, пееше со Тоше Проески на неговиот концерт во Мелбурн. Токму тие искуства ја поставија основата на неговиот музички пат и го донесоа до светската музичка сцена.

bobi-andonov-povtorno-pee-na-makedonski-moment-otvora-novo-poglavje-vo-negovata-kariera-02.jpeg

„Moment“ е само почеток на ново поглавје. Боби најавува нова музика и на македонски и на англиски јазик, а во иднина се надева и на заедничка работа со Магдалена Цветкоска на македонски албум. Во неговите планови е и почесто присуство во Македонија, како и повеќе настапи пред домашната публика.

„На сите што ме следат и ме поддржуваат уште од ‘Прати ми SMS’ – ви благодарам! Конечно го добив тој SMS, од љубовта на мојот живот, и од него се роди мојата нова песна ‘Moment’. Ви благодарам од срце. Се надевам дека ќе уживате!“

Со „Moment“, Боби Андонов се враќа кон македонската публика позрел, поискусен и со јасен музички идентитет. Светски по звук, појава и амбиција, но сепак наш, тој најавува период во кој Македонија повторно ќе има значајно место во неговата музичка приказна.

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...

Најчитани неделава