Миа Костова оценува „кандидатки“ за идна снаа и превртува очи - „Син на мајка“ на Јанг Дади ќе биде хит на летото
Едната му носи прстен, другата бурек и јогурт, третата не делува среќна што мора да се „натпреварува“ со уште четири други девојки за љубовта на Дади, зашто мама Миа оценува пет девојки, превртува со очи, му ја средува фризурата и се грижи за своето „синче“.

Јанг Дади има нова песна и спот во кој ќе се пронајдат многу мајки и нивните синови - „Син на мајка“.

Песната на прво слушање влегува во уво, но впечатокот е уште посилен кога ќе го погледнете спотот, во кој мајката на пејачот ја глуми Миа Костова.

Дотерана, со дамска фризура и бисери, таа седи на кауч, превртува со очи, му ја средува фризурата на „своето синче“ и заедно со него ги оценува „кандидатките за идна снаа“.

Едната му носи прстен, другата бурек и јогурт, третата е мангупка, додека четвртата не делува среќна што мора да се „натпреварува“ со уште четири други девојки за љубовта на Дади, петтата е дама.

Инаку, тој самиот е автор на текстот и на музиката за песната, која ќе биде вистински хит летово.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело