Младите Дорис Ди и Наум Бумбаровски со награда на „Охрид фест“
Годинава на Охрид фест со дуетската песна Ден и ноќ заедно, Дорис Ди и Наум Бумбаровски, ја освоија третата награда од публиката.

Дорис Ди е млад талент под менторство на Ана Дурловски и Андријана Јаневска.
Професионално со музиката почна да се бави во 2019 година. Годинава имаше второ учество на Охрид фест, откако лани учествуваше со своја песна „Нека свети“ каде ја освои наградата за надобра интерпретација.

Годинава на Охрид фест со дуетската песна Ден и ноќ заедно, ја освоија третата награда од публиката. Песната е композиција на Григор Копров, текст на Огнен Неделковски, а аранжман на Давор Јордановски.
Годинава ќе има биде прво учество на Макфест со песната Кога не ме сакаш, текст и композиција на Весна Малинова, а аранжман на Давор Јордановски.

До сега има учествувано на повеќе интернационални фестивали како на пример Performans cup во Италија, Voice of star во Хрватска, Bravo festival во Шпанија, Waf contest, Art festival, како и други. Во мај месец ја објави нејзината втора песна Pjesma spaja ljude sve. Наум Бумбаровски е познат на публиката по победата во шоуто Патот до ѕвездите.