Нова песна од Александар Тарабунов - „Љубов“ е вуклан од емоции и сведоштво за зрелоста на еден автор

Во време кога искреноста ретко ја среќаваме во музиката Александар Тарабунов - Тара ни ја подава својата душа - сурова, чиста, автентична. Со новата песна „Љубов“, овој талентиран изведувач и автор ја отвора вратата кон своето најинтимно, најзрело и најкомплетно музичко дело досега.

nova-pesna-od-aleksandar-tarabunov-ljubov-e-vuklan-od-emocii-i-svedoshtvo-za-zrelosta-na-eden-avtor-01.jpg

Создадена во еден здив, во тишината на едно дождливо попладне, песната „Љубов“ не е само уште една баладa, таа е емотивна ерупција, вулкан од страст и жив доказ за уметничката зрелост на Тара.

Песната е напишана, компонирана и изведена од самиот автор што ја прави уште посилна, уште повистинита. Слична е приказната и кога станува збор за видеото зашто истото е работено по идеја на Тара, а реализирано со помош на Никола Марковски.

„Љубов“ го претставува Тара во едно сосема ново музичко светло, искрен, ранлив, но и моќен во својата тишина. Со оваа песна, тој не само што ја отвора својата душа, туку ја става љубовта на пиедесталот каде што и припаѓа како суштина, како судбина, како најголема тајна на животот.

„Сите кои ја слушнаа песната пред нејзиното официјално објавување беа искрено воодушевени. Секој ја доживеа на свој начин, но сите се согласија во едно дека ова е песна што останува. Верувам дека и судот на публиката ќе биде идентичен. „Љубов“ нека биде химна за вљубените, песна за опуштена вечер со чаша вино во рака и доза на романтика. Затоа што музиката освен што се слуша и се чувствува“, вели Тара.

„Љубов“ не е само песна. Таа е момент. Вистина. Воздишка. Спомен. Ветување...

Со полни гради ја вдишуваме, и не престануваме да ја слушаме. Тара е тука, поинаков, посилен, поискрен. Ова е неговото време. Ова е „Љубов“.

Слушнете ја песната:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...

Најчитани неделава