Дупер и Young Dadi „претераа“: Новата соработка што уште првата вечер почна да се споделува насекаде

Нова музичка соработка од Дупер и Young Dadi вчеравечер премиерно пристигна на YouTube.

duper-i-young-dadi-preteraa-novata-sorabotka-shto-ushte-prvata-vecher-pochna-da-se-spodeluva-nasekade-01.JPG

Песната „Претера“ уште со самото објавување почна брзо да се споделува на социјалните мрежи, а реакциите од публиката покажуваат дека дуото погодило звук што лесно останува во глава.

Спотот може да се погледне во продолжение:

„Претера“ носи модерна продукција, заразен рефрен и емоција која доаѓа природно, без форсирање. Песната звучи како спој на препознатливиот сензибилитет на Дупер и енергијата што Young Dadi ја носи во својот израз, па резултатот е песна што лесно влегува „под кожа“ веднаш по првото слушање.

Публиката веднаш реагираше со споделувања и коментари, а многумина веруваат дека има потенцијал да стане една од позабележителните домашни песни ова лето. Освен мелодијата и енергијата, впечаток остава и самиот видеоспот во кој тие ги покажаа нивните одлични актерски способности и во улога на боксери. По сè изгледа дека „Претера“ е проект на кој се работело сериозно.

Зад музиката и текстот стојат Борис Какуринов, Илчо Нечовски, Давид Даниловски (Young Dadi) и Андреј Николов, додека аранжманот е дело на Борис Какуринов и Андреј Николов.

duper-i-young-dadi-preteraa-novata-sorabotka-shto-ushte-prvata-vecher-pochna-da-se-spodeluva-nasekade-02.JPG

duper-i-young-dadi-preteraa-novata-sorabotka-shto-ushte-prvata-vecher-pochna-da-se-spodeluva-nasekade-03.JPG

Со новата песна, Дупер очигледно влегуваат во активно лето. Објавувањето на „Претера“ доаѓа во период кога Дупер активно се подготвуваат и за двата големи летни концерти. Бендот ова лето ќе настапи на две локации што веќе најавуваат силна концертна сезона - во Хераклеа во Битола на 18 јули, како и во Антички театар во Охрид на 5 август. Карти за концертите се достапни преку www.kupikarta.com

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред само два месеци...
Дупер не запираат: Нова песна „На пола пат“ По серијата хитови и засиленото присуство на сцената, дуото Дупер денес точно на...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...

Најчитани неделава