„Не мораш да бидеш совршен за да бидеш сакан“ – Наташа Малинкова со моќна порака во новата песна „Vrati me u život“
По подолга пауза, Наташа Малинкова се враќа со нова песна и впечатлив видео запис за „Vrati me u život“, проект кој носи силна емоција и важна порака за младите луѓе.
Песната зборува за болката после љубовта, но и за една уште подлабока вистина – колку често се менуваме себеси за да бидеме прифатени од другите.
Во видео записот, кафезот е симбол на сите стравови, несигурности и очекувања што сами си ги наметнуваме. Најопасниот кафез не е оној од железо, туку оној во кој влегуваме кога почнуваме да се менуваме за да им се допаднеме на сите.
Преку оваа песна, Наташа испраќа силна порака:
„Не мораш да бидеш совршен за да бидеш вреднуван.
Не мораш да личиш на никој друг за да бидеш сакан.“
„Vrati me u život“ е посветена на сите млади луѓе што некогаш се почувствувале „недоволни“. На сите што стоеле пред огледало и барале маани, наместо да ја видат сопствената вредност.
Погледнете го официјалниот видео запис на YouTube: