„Баба од соништата“ - Саканата на Лозано ѝ честиташе роденден на мајка си и објави фотки од неа со внучето
- Детали
- недела, 15 март 2026
Убавата Сава Грачанин беше на концертот на Влатко Лозаноски држејќи го во раце нивниот син Марко (1). Сега, таа објави низа фотки од нејзината мајка и малиот Марко.

Убавата Сава Грачанин беше на концертот на Влатко Лозаноски држејќи го во раце нивниот син Марко. Сега, таа објави низа фотки од нејзината мајка и малиот Марко.

Сава Грачанин од Валандово, партнерката на Влатко Лозаноски, која ја видовме и во публиката на неговиот неодамнешен концерт, на својот Фејсбук профил објави емотивни зборови по повод роденденот на нејзината мајка.

Таа со колаж од фотографии од неа со внучето напиша:
„Што би јас без неа...
Среќен роденден на мојата мајка...
Баба од соништата!“
Инаку, мајката на Сава ужива во улогата на баба на малиот Марко, син на Сава и Влатко.

Влатко во секоја пригода истакнува колку е горд на својот наследник, а за време на концертот во Скопје, малиот Марко со слушалки на ушите, го качи на сцената.


Kликнете на видеото каде Лозано го качи на сцената својот син и пееше со него:

