Едина Муса (33) се пофали, 10 месеци по породувањето: „За ова тело се погрижив јас“
- Детали
- четврток, 25 декември 2025
Едина Муса, една од најубавите познати Македонки, си потстрижа шишки, се врати на кошаркарските тренинзи, вежба посветено и интензивно и е во совршена телесна форма, по помалку од една година од породувањето.

Едина Муса на 33 години, по помалку од една година од породувањето со синот Максим (кој го доби во февруари 2025-та), изгледа подобро од кога било.
Таа се врати во форма, а на Инстаграм шеговито сподели:
„За овој изглед се погрижија:
Фризура тој и тој, аутфит тој и тој, тело – Едина Муса“.
Таа очигледно е горда на својата посветеност и дисциплина кон вежбањето.
Едина сподели и дека им се вратила на кошаркарските тренинзи, затоа што желба ѝ е нејзиниот син Максим да има можност да ја види на кошаркарски натпревар.

Таа вели дека постојано го носи во „Салата кај што мама буквално порасна и не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“.
Инаку, и нејзината пријателка Ирина Камилоска неодамна објави фотографија од настан со Едина и напиша:
„Некои други Едина и Ирина“, шегувајќи се на сметка на нивниот изглед.
Двете во оваа пригода се нашминкани и елегантно дотерани, а инаку се препознатливи по нивниот лежерен спортски стил и природен изглед без шминка.
Но, дефинитивно блескаат во секое издание.
Повеќе фотографии од Едина:








С. С. | Црнобело
