Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни за сурогат мајка“
Но јас ќе останев со неа и да немам деца. Мене ми е битно да сум среќен и да не бегам од дома. Мене ми е убаво да седам со неа дома.
Не ми треба ништо повеќе од дружбата со моите браќа, со мојот кум во студио, после да одам дома со мојата жена, да имам фина вечера, фин разговор.
Среќен сум, се будам секое сабајле благодарен на Бог за тоа што го имам.

Ова сум го сметал за слабост и затоа не сум го зборел, сега го гледам како моќ со голем успех, затоа што откако ја запознав Исидора сфатив дека овој случај е чест, не е редок, не се случува на 1 во милион, туку на 1 во 3-4000 девојки.
И тоа не значи дека животот застанува. Види ме насмеан сум, не сум тажен, затоа го зборам ова не за да жалиме. Животот не прекинува, децата не се сè во животот. Јас сум сè во животот, мојата љубов е сè во животот. Битно е да уживаме во секој момент.
Кликнете на видеото:
За целото ова време, Тони е со солзи во очи, а сите присутни признаваат дека првпат го гледаат Кун да се отвори на овој начин во јавност.
Потоа тој зборува и за процесот низ кој поминале и како тој го доживеал:
„Искрено ќе лажам ако кажам дека процесот беше тежок додека ги добивме ембрионите, зошто го правев со ќеф и љубов. Бев спремен да примам куршум за мојата жена.
Јас сум сведок низ каков пекол таа има пројдено за да се соочи со тоа. Затоа сакам јавно да го кажам ова, со нејзина дозвола и иницијатива затоа што има многу девојки кои се соочуваат со истото, па и мажи.
Мора да покажеме дека животот не застанува тука. За секого има место, партнер, љубов. Не да бараме блуд, трачеви и глупости, туку вистинските вредности. Не да се откажуваме по првиот неуспех.
Пола месец секој ден одевме кај мајка ѝ зашто таа е гинеколог за да се боцне со инјекции за хормони, јас тоа не можев да го правам, нежен сум ја сакам.
Тоа беше рутина и за мене не беше тешко, ми беше ќеф да застанам тука за жената на мојот живот. Но за неа тоа беше хорор, издржа машки, се поправи, а сега е најзгодна жена.
Сега имаме три ембриони, само треба да најдеме сурогат мајка која ќе ги износи“.
Погледнете го целото видео од гостувањето:
М. М. | Црнобело
