Златан Ибрахимовиќ има милиони, а децата ги воспитува да бидат скромни: „Не сакам да растат во златен кафез“
- Детали
- понеделник, 19 јануари 2026
„Мојата партнерка кога оди некаде, таа патува со редовни летови, дури и со најевтините компании. Tие мора да го видат светот таков каков што е. Тоа секогаш ни било важно“, вели Златан Ибрахимовиќ и порачува дека децата не сака да ги израсте во златен кафез.

Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ (44) има милиони, но позитивно ја изненади јавноста во една пригода со признанието дека неговото семејство не живее луксузен живот.
Живеат без приватни авиони, без гламур, вели тој и тврди дека сака неговите деца да растат во реалниот свет, а не во златен кафез.
Златан со партнерката Хелена има два сина, Максимилијан (19) и Винсент (17).

Зад имиџот на кул шоумен се крие сосема поинаков Златан Ибрахимовиќ.
Легендарниот некогашен напаѓач, а денес еден од челните луѓе во клубот AC Milan, откри дека неговото семејство живее многу поскромно отколку што многумина би очекувале од човек кој во текот на кариерата заработил толку многу пари.

Во една емисија тој откри дека неговата невенчана сопруга Хелена Сегер и нивните синови Максимилијан и Винсент никогаш не летаат со приватни авиони, иако тоа без проблем би можеле да си го дозволат.

„Кога јас патувам, можам да земам приватен авион, но тоа не е поради парите, туку поради мирот.
Но, кога Хелена оди некаде, таа патува со редовни летови, дури и со најевтините компании. Вели дека децата мора да го видат светот таков каков што е. Тоа секогаш ни било важно“, изјави Ибрахимовиќ.