Златан Ибрахимовиќ има милиони, а децата ги воспитува да бидат скромни: „Не сакам да растат во златен кафез“

Златан нагласи дека луксузот никогаш не му бил приоритет и дека сака на синовите да им покаже дека успехот се гради со работа, а не со привилегии.
„Моите деца се благодарни, не бараат повеќе отколку што имаат. Ако јас можев од ништо да стигнам до ова, можат и тие.
Денес тие имаат многу повеќе отколку што јас имав некогаш, но сакам да знаат дека сè е можно само ако работат“, порача тој.

Хелена Сегер, поранешна манекенка, а денес успешна деловна жена, исто така не живее живот на типична „жена на фудбалер“.
Не ја интересира луксузот, не сака шопинг, а најудобно се чувствува во фармерки, а не во скапи дизајнерски фустани.
Златан еднаш откри дека ја запросил - таа го одбила, а тој рекол дека друга просидба нема да има. Сепак, живеат складно и среќно, без потреба од формалности.
Во свет во кој фудбалерите често го демонстрираат богатството, Ибрахимовиќ и неговото семејство избираат сосема поинаков пат, пат на скромност, реалност и семејни вредности.
Прочитајте и Перела завеси, работела во барови – Како сопругата на Златан Ибрахимовиќ се збогатила пред да го запознае?
С. С. | Црнобело