Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не, не јадам само брокула“
Мина сподели и дека луѓето немаат проблем во коментари да ѝ пишуваат дека отсекогаш била анорексична и дека ѝ е потребна помош.

За сопругот таа се пошегува дека тој одлично го издржал породувањето, а вели дека никогаш не се расправа со него, туку дека е негов цвет кој само кима со глава, а накратко раскажа и за нивното запознавање:

„Се запознавме во неговото музичко студио. Дојдов да зборуваме за работа.
Во тој момент имав неколку опции и се зезнав што ја одбрав неговата емисија. Се шегувам. Пак би одбрала исто.
Тоа беше најхаризматичниот човек што сум го запознала. Кога Огњен нешто сака, тој тоа и го добива.
Тоа ќе ви го потврди секој што го познава“.

Во минатото пак, Огњен ја има оправдано сопругата дека нема естетски корекции и дека е 100% природна.
„Верувале или не, 100% природна. Ни 1% гмо, филери или пластика. Читам сешто, а не сакам неправда.
Дури ни устата не ѝ е направена“ – изјавил тој.
Постари фотки од Мина:



M. M. | Црнобело
