Љубовната приказна на Фросина од Скопје и Цезар од Курдистан: „Живееме заедно од првата недела, на свадба имавме буткање врата“

„Живееме во Канада, а предизвиците и разликите ни се надминати. Денес заедно купуваме баклава за Бајрам, се кршиме со јајца за Велигден и со нетрпение го очекуваме следниот празник, без разлика чиј е. Денес најмногу го ценам тоа што за Цезар, јас сум секогаш на прво место – пред работата, семејството, или пријателите. Тоа што најмногу го зачуди во Македонија се полните кафулиња среде работен ден и однесувањето на луѓето со малку повисок квалитет на живот“ - вели за CRNOBELO.com Фросина. 

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata-01.jpg

Фросина Микхаил (32), родена во Скопје, живее во Бери (Barrie), Онтарио, Канада, каде работи како Менаџмент директор во Брокерлифт (BrokerLift Inc.), канадска ИТ компанија.

Таа неодамна се омажи за Цезар Микхаил (39), роден во Курдистан, северен Ирак, кој е основач и сопственик на канадска компанија за правење кровови – Lindum Roofers Inc.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--61.jpg

Се запознале на салса забава на плажа во Торонто, ги надминале предизвиците со семејствата заради различната вера, еден со друг се разбираат најдобро, имаат слична енергија, љубов за патувања и адреналин и сакаат да бидат постојано заедно. 

Направија официјална свадбена забава во ресторан во Скопје, од каде вирално се прошири видео на кое со трчање се фотографираат со гости по маси, а имале обичаи како буткање врата и земање невеста. 

Погледнете го видеото:

Фросина за CRNOBELO.com ја раскажува нивната уникатна љубовна приказна: 

Кога, каде и како се запознавте? Раскажи ни нешто за почетоцитe…

Прв пат се запознавме на денска салса забава на една плажа во Торонто. Имавме заеднички пријатели, па Цезар ме покани да танцуваме.

Тој ден останавме на само еден танц – не разменивме контакт ниту пак Цезар ми го запамти името.

Во наредните неколку месеци случајно се среќававме низ различни настани во Торонто, па по 3 месеци случајни средби и неколку танци, Цезар ме покани да излеземе.

Таа вечер се заљубив во неговата енергија и еуфоричност, а и тој во мојата.

Наредниот ден ме покани на викендичка кај негови блиски пријатели (најверојатно да провери дали и преку ден сум му толку забавна, хаха). Очигледно го положив испитот!

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--29.jpg

Колку време сте заедно? Дали имавте врска на далечина во некој момент?

Заедно сме речиси 4 години. Интересно е што почнавме да живееме заедно практично уште од првата недела на нашата врска.

Од тогаш па до денес не сме биле одвоени подолго од 8 (тешки) консекутивни денови заради неизбежни бизнис патувања.

И двајцата во минатото сме биле во врски на далечина и знаевме дека никогаш не би сакале да го повториме тоа искуство.

Нашиот приоритет е да сме еден до друг, без разлика на кој дел од светот.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--31.jpg

Кога и каде те запроси?

На најубавото место на земјата – дива плажа, близу Грото, Тобермори (The Grotto, Tobermory) на езерото Хјурон.

Од првиот пат кога случајно ја „откривме“ плажата, ја нарековме „нашата плажа“. До неа се стига само со двочасовно планинарење по груб терен, па е најчесто сосема празна и дозволува уживање во целосна приватност.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--48.jpg

Тој ден, Цезар беше невообичаено нервозен, што е крајно несвојствено за него.

Постојано ја гледаше временската прогноза и се плашеше да не заврне, иако на небото немаше ниту еден облак.

Дури изрази желба да се сликаме заедно на зајдисонце – мислам … кој маж изразува желба доброволно да се слика?

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--33.jpg

Јас сум во принцип голема плачка – плачам на романтични филмови, песни, видеа од туѓи запросувања, буквално на сè и сешто.

Кога Цезар ме запроси (и воедно го заборави целиот говор што го имаше спремано), не пуштив ни солза!

Мислам дека конечно ми стана јасно зошто е цел ден нервозен и ми падна камен од срце.

Цезар се надоврза: Сите ја прашуваат Фросина за запросувањето, а јас низ што сè поминав не ме прашуваат.

Прво требаше да ја побарам од татко ѝ (прав македонски маж на кого Фросина му е првото „сине“), кој ме предупреди дека ако ќерка му рече „не“, јас морам да ја почитувам нејзината одлука.

Потоа со недели лежев буден во кревет и ја чекав да заспие за да ѝ ја измерам големината на прстот.

Можеби ќе беше полесно да ѝ подметнам нешто за спиење… И после како да не сум нервозен!

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--39.JPG

Дали имавте две свадби и каде?

Не би рекла дека направивме две свадби, но дефинитивно имавме две или три прослави! Во Торонто организиравме голема веридба со околу 70 гости, за оние кои не би можеле да патуваат до Скопје да присуствуваат на нашата свадба.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--51.jpg

Во септември 2025 направивме регистрација (матично) во Торонто за да ја избегнеме процедурата на брак со странец во Македонија и преводот на документи.

Официјална свадбена прослава направивме во мај 2026-та во ресторан во Скопје. Секој настан ни беше подеднакво значаен и полн со моменти за паметење.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--57.jpg

Единствениот проблем е – сега имаме 3 годишнини! 😊

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, н... „Првпат се запознавме со Никола на плажа во Охрид. Јас бев со другарка, а тој со...
Љубовната приказна на Драгана и Антонио: „Го запознав на 18 години, а првиот состанок ни беше искачу... „Избравме невообичаен состанок бидејќи и двајцата во тој период бевме спортисти,...
Љубовната приказна на Симона Калица и Горан од Битола: „Некои љубови не доаѓаат како гром од ведро н... „Си буричкав под хаубата на автомобилот, со голема самодоверба, иако не знаев шт...
Љубовната приказна на Елена од Куманово и Кристијан од Скопје: „По еден месец врска решивме да се пр... „Првиот состанок ни беше на Матка, па на Водно, па во парк и траеше буквално цел...
Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него... „Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 ...
Љубовната приказна на Тони од Македонија и Клаудија од Мексико: „Се запознавме на брод, ја обожава г... „Работевме на ист брод, но нè разделија... Двапати патував со автобус 14 часа са...

Најчитани неделава