Љубовната приказна на Фросина од Скопје и Цезар од Курдистан: „Живееме заедно од првата недела, на свадба имавме буткање врата“

Раскажи ни накратко впечатоци од свадбата тука, која воедно стана вирална заради кул видеото на кое трчате за да се фотографирате со гостите по маси? 

Нашата свадба беше делумно традиционална, а делумно модерна. Имавме земање на невеста, буткање на врата, вртење погача, ставање пари во чевли, па дури и качување на тапан.

Сите тие традиции се многу слични со традициите во Курдистан и им беа омилени на гостите кои не се од Македонија. Странците играа оро, тропаа на дајре и им ставаа пари на музичарите.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--54.jpg

Исто така имаше дел со салса изведба координирана од Вајб Салса и огромна модерна журка во вториот дел од свадбата.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--55.jpg

Идејата за виралното видео каде што трчаме од маса до маса за време на вечерата ми ја даде моја пријателка, Милена, неколку недели пред свадба.

Јас им ја испратив на фотографот Виктор и DJ Фичо ноќта пред свадбата. Супер реакција добив од двајцата и спонтано ја спроведеме за време на вечерата.

Наредниот ден јас и Цезар имавме по 150 нови следбеници на Инстаграм и милион прегледи на видеото. Дефинитивно не очекувавме толкава реакција. Ние едноставно сакавме да имаме време за вечерата.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--63.jpg

Какви се мажите од Ирак? Каков е Цезар?

Мажите во Ирак се многу слични на балканските мажи – обожаваат да седат во чајхана (нивната кафеана), дискутираат политика и секојдневни проблеми, живеат во семејни заедници и финансиски помагаат на целото семејство.

Во овој поглед, Цезар не е типичен Ирачанец. Она што тој го дели со повеќето мажи од Блискиот исток е беспрекорната црна брада, огромната почит кон жената и семејството и краткиот фитиљ.

Во речиси сè останато е „канадизиран“, или како што тој би сакал да каже, „жител на светот“.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--19.jpg

Што ти се допадна најмногу кај него? Со што те освои, а што е тоа што ден-денес најмногу го сакате еден кај друг?

На прв поглед најмногу ми се допадна тоа што Цезар е забавен, има неисцрпна енергија, како и неисцрпна доза на адреналин.

Имаме исти интереси – играме кубанска салса, планинариме, кампуваме, нуркаме, гледаме Формула 1, возиме мотор (Цезар вози, а јас уживам), го шетаме светот и обожаваме нови искуства.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--69.jpg

Ретко кој може да „се носи“ со нашиот динамичен стил на живот, па секојдневно сме благодарни што се имаме еден со друг.

Денес најмногу го ценам тоа што за Цезар, јас сум секогаш на прво место – пред работата, семејството, или пријателите.

Нашата секојдневна мисија е да го направиме партнерот среќен.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--26.jpg

Што е најромантичното или најлудото нешто што сте го направиле еден за друг?

Цезар е прекрасен партнер и сопруг. На почетокот на врската јас често патував за Америка во посета на клиенти.

На секое враќање дома ме чекаше различно изненадување. И ден денес, Цезар често се враќа од работа со свеж букет цвеќе.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--71.jpg

Што се однесува до лудост – најлудо нешто што Цезар го направил е да се ожени со мене! Добива дневна балканска доза на стрес и адреналин.

Од моја страна, јас лани го изненадив со неговиот мотоцикл од соништата – Дукати Диавел.

Не знам дали е тоа романтично или лудо, но неговото возење дефинитивно спаѓа во категорија „лудост“.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--70.jpg

Има ли некакви разлики помеѓу вас со оглед на тоа што доаѓате од различни места и култури? 

Цезар е курд од северен Ирак. Културата и навиките на курдите се многу послични до македонските отколку до арапските.

Имаме многу слична храна, традиции, па дури и огромен број на исти зборови! Секако дека понекогаш наидуваме на недоразбирања, но помага тоа што и двајцата имаме израснато надвор од нашите земји на потекло, па имаме многу разбирање за различни култури.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--49.jpg

Цезар е дефинитивно многу „посличен“ до моите размислувања и начин на живот од кој било Канаѓанец роден во Канада.

И двајцата имаме многу активен животен стил и го ставаме здравјето на прво место. И двајцата живееме далеку од семејството и роднините и имаме пријатели низ сите континенти.

ljubovnata-prikazna-na-frosina-od-skopje-i-cezar-od-kurdistan-zhiveeme-zaedno-od-prvata-nedela-na-svadba-imavme-butkanje-vrata--22.jpg

Продолжува на следната страница... 


Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, н... „Првпат се запознавме со Никола на плажа во Охрид. Јас бев со другарка, а тој со...
Љубовната приказна на Драгана и Антонио: „Го запознав на 18 години, а првиот состанок ни беше искачу... „Избравме невообичаен состанок бидејќи и двајцата во тој период бевме спортисти,...
Љубовната приказна на Симона Калица и Горан од Битола: „Некои љубови не доаѓаат како гром од ведро н... „Си буричкав под хаубата на автомобилот, со голема самодоверба, иако не знаев шт...
Љубовната приказна на Елена од Куманово и Кристијан од Скопје: „По еден месец врска решивме да се пр... „Првиот состанок ни беше на Матка, па на Водно, па во парк и траеше буквално цел...
Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него... „Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 ...
Љубовната приказна на Тони од Македонија и Клаудија од Мексико: „Се запознавме на брод, ја обожава г... „Работевме на ист брод, но нè разделија... Двапати патував со автобус 14 часа са...

Најчитани неделава