Драма во авион што полетал од Грција: Стакло пукнало во лет, патници спасувале Србин кој бил извлечен низ прозорецот (видео)

На лет од Грција кон Германија, се скршил прозорец и телото на патникот буквално летнало во воздух. Неговата сопруга го држела за нозете пет минути за да спречи целосно да излета од авионот. Со помош на другите патници, некако успеале да го вратат во кабината.

drama-vo-avion-nad-grcija-staklo-puknalo-vo-let-patnici-spasuvale-srbin-koj-bil-izvlechen-niz-prozorecot-video-01.jpg

Вистинска драма се случила утрово на лет на компанијата Ryanair од аеродромот во Солун, кој тргнал кон Мемингем, Германија.

Инцидентот се случил кратко по полетувањето, во период кога авионот бил во воздушниот простор на Македонија, пишува EuroNews.

Се слушнал силен звук, по што еден од прозорците на авионот целосно се скршил.

Тоа довело до декомпресија во авионот, паднале маските за кислород, но сепак, според очевидци, најкритичниот момент се случил кога воздухот почнал да го влече 61-годишниот Србин, кој седел до прозорецот, нанадвор.

Очевидци за „Радио Солун“, кажале дека главата на мажот била излезена надвор од авионот, речиси до рамената, но го спасило тоа што носел безбедносен појас, како и патниците што седеле до него и го влечеле назад.

Според порталот Прото тема, сè започнало кога делови од моторот се скршиле за време на летот, што резултирало со кршење на прозорецот на авионот.

drama-vo-avion-nad-grcija-staklo-puknalo-vo-let-patnici-spasuvale-srbin-koj-bil-izvlechen-niz-prozorecot-video-03.jpg

Авионот веднаш се вратил во Солун, а повредениот Србин бил итно префрлен во болница.

Според грчките медиуми, тој е во состојба на тежок шок, свесен, но има сериозни изгореници и повреди предизвикани од силно триење и воздушни струи.

Медицинска помош ѝ е укажана и на бремена жена која е префрлена во болница, но по детален ултразвучен преглед е утврдено дека сè е во ред со неа и бебето, и таа е пуштена дома.

Инцидентот го потврдил и претседателот на Грчката федерација на вработени во јавни болници, Михалис Јанакос, кој ги опишал драматичните моменти од борбата за спасување на Србинот и според него трагедијата е избегната благодарение на смиреноста на патниците, пред сè на сопругата на повредениот српски државјанин.

„За малку ќе се случеше невидена трагедија. На летот кон Германија, се скршил прозорец и телото на патникот буквално летнало во воздух.

Неговата сопруга го држела за нозете пет минути за да спречи целосно да излета од авионот. Со помош на другите патници, некако успеале да го вратат во кабината“, рекол Јанакос.

drama-vo-avion-nad-grcija-staklo-puknalo-vo-let-patnici-spasuvale-srbin-koj-bil-izvlechen-niz-prozorecot-video-03_copy.jpg

И еден патник ги опишал моментите на паника во авионот:

„Се слушна силен тресок, како да пукна гума. Веднаш настана хаос, луѓето врескаа затоа што почнавме да губиме висина поради декомпресијата.

Во тој момент помислив дека некој по грешка ја отворил вратата за итни случаи. Стјуардесите беа целосно изненадени.

Маските за кислород веднаш испаднаа, а таа неизвесност траеше цела вечност. За среќа, мажот го носеше безбедносниот појас, што му го спаси животот.“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Љубовната приказна на Жељко и Јована Јоксимовиќ - Знаел дека е вистинската кога видел свое ЦД во неј... „Кога се запознавме, ме возеше со автомобилот и се сеќавам од љубопитност ја отв...
Спиел со преку 350 жени, има деца со 3 од нив - Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ? Една го обвини дека ја малтретирал, друга, наводно, го остави поради неверство, ...

Најчитани неделава